Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Вреди“ на 9 мај прераснува во политичка партија

    „Вреди“ на 9 мај прераснува во политичка партија

    28.04.2026 во 17:173 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Коалицијата „Вреди“ на 9 мај официјално ќе прерасне во единствена политичка партија чии копретседатели ќе бидат Изет Меџити и Билал Касами, додека функцијата генерален секретар ќе ја извршува Беким Сали. Како што беше најавено на денешниот брифинг со новинарите, новиот политички субјект ќе биде структуриран со пет потсекретаријати, со рамномерна распределба од по 20 отсто за сите пет политички партии кои моментално се дел од коалицијата.

    Претставниците на „Вреди“ очекуваат по формализирањето на партијата да се приклучат и други организации, партии или членови и нагласуваат дека поканата е отворена за сите, со исклучок на Демократската унија за интеграција (ДУИ). Но, сепак, како што беше истакнато на брифингот, нивните очекувања се дека голем дел од структурата на ДУИ, со исклучок на оние кои што кривично се гонат, односно „вториот и третиот ешалон на партијата“ ќе преминат во Вреди.

    – Ќе ги отвориме вратите после 9 мај и ќе видиме кој ќе се приклучи, отворена е поканата за сите. Знаете дека Европскиот фронт веќе не постои, Влен нема да биде само ние што сме тука, туку ќе расте. Отворени сме за сите освен за ДУИ … Голем дел од ДУИ, не зборам за оние со кривични пријави, туку за оние од втор, трет ешалон, мислам дека ќе преминат во Влен – беше посочено на брифингот.

    Воедно, од коалицијата на Вреди оценуваат дека после 9 мај ќе останат само две политички сили во албанскиот политички кампус, односно Вреди и ДУИ, и според нив, оние гласачи кои досега се колебале мислејќи дека Коалицијата ќе се растури, ќе се приклучат во новиот политички субјект „Вреди“.

    – После 9 мај ќе останат само две политички сили во албанскиот кампус, односно Влен и ДУИ и сигурно ќе ни се приклучат, ќе нè поддржат и оние гласачи кои досега се колебаа, мислејќи дека сме ортаци и допрва ќе се делиме – беше посочено на брифингот.

    Во однос на актуелните политички случувања и најавите за владина реконструкција, од Вреди потврдуваат дека истата ќе се реализира согласно владината програма и поставените цели.

    – Реконструкција ќе има секако, согласно програмата на Владата и целите кои ќе се постават ќе се одлучи дали ќе има потреба од дополнителни пратеници или не – беше посочено на брифингот.

    Отворено беше и прашањето за промена на изборниот модел во државата. Од „Вреди“ нагласија дека партијата се залага за отворени листи, додека во однос на воведувањето една изборна единица сè уште имаат одредени дилеми, иако признаваат дека меѓу политичките партии постои волја за такво решение.

    – По сѐ изгледа, според најавите од политичките партии досега, постои волја за една изборна единица, но ние имаме повеќе прашања во врска со таа тема, ќе видиме. Како партија сме за отворени листи, имаме дилема за една изборна единица, но секако според досегашните најави од политичките партии постои волја за една изборна единица – велат од Вреди.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.