Close Menu
Press24
    Најново

    Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

    28.10.2026 во 22:29

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Коалицијата „Вреди“ на 9 мај официјално ќе прерасне во политичка партија

    Коалицијата „Вреди“ на 9 мај официјално ќе прерасне во политичка партија

    28.04.2026 во 16:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Коалицијата „Вреди“ на 9 мај официјално ќе се трансформира во единствен политички субјект, најавија претставниците на коалицијата на денешниот брифинг со новинарите. Со овој чекор, „Вреди“ ја заокружува својата политичка консолидација, воведувајќи модел на заедничко раководење карактеристичен за европските десничарски партии.

    Новиот политички субјект ќе биде структуриран со систем на копретседателство, каде Изет Меџити и Билал Касами ќе ја делат лидерската позиција, додека функцијата генерален секретар ќе ја извршува Беким Сали. Партиската структура е дизајнирана според принципот на рамномерна распределба – петте потсекретаријати ќе бидат поделени по 20 отсто меѓу петте политички партии кои ја сочинуваат коалицијата.

    Од „Вреди“ истакнаа дека по формализирањето на партијата, вратите ќе бидат отворени за нови организации и членови, со исклучок на Демократската унија за интеграција (ДУИ). „Европскиот фронт веќе не постои. Отворени сме за сите освен за ДУИ, но очекуваме голем дел од структурата на ДУИ, особено од вториот и третиот ешалон, да преминат кај нас“, посочија од коалицијата.

    Според нивните очекувања, по 9 мај на албанскиот политички кампус ќе останат само две доминантни сили – „Вреди“ и ДУИ, што ќе им овозможи на неопределените гласачи да добијат појасна алтернатива.

    Во однос на актуелните прашања, од „Вреди“ потврдија дека владината реконструкција ќе се реализира согласно поставените програмски цели, додека за изборниот модел остануваат цврсти во ставот за поддршка на отворени листи, додека за една изборна единица сè уште ги анализираат можностите и постоечката политичка волја.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.