Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27

    Се ближат продолжени викенди – Ова се неработните денови до крај на 2026

    25.09.2026 во 09:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова во Салцбург: Проширувањето кон Западен Балкан е тест за геополитичкиот капацитет на ЕУ
    • Семеен хаос во Скопје: Се степале двајца браќа и нивната мајка
    • Хорор за прваче во Кочани: Го соблекле гол, го тепале и го снимале
    • Избувна пожар во куќа во Берово – сопственикот се задушил
    • Повеќе од 50.000 жени годишно се убиени од нивните партнери
    • Повеќе полиција на улица за помалку врсничко насилство
    • Инцидент во казино во Кисела Вода: Гости и вработени поради проблеми со дишењето пренесени во болница
    • Млада скопјанка пронајдена почината во стан во Кисела Вода
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Охрид и Струга ќе добијат „Безбеден град“ пред почетокот на летната сезона

    Охрид и Струга ќе добијат „Безбеден град“ пред почетокот на летната сезона

    27.04.2026 во 22:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во пресрет на претстојната туристичка сезона и очекуваниот зголемен сообраќаен метеж, започна инсталирањето на системот „Безбеден град“ (Safe City) во најголемите туристички центри во земјава. Во Охрид и Струга во моментов се поставуваат вкупно 40 сообраќајни камери, а ваков видеонадзор веќе е инсталиран и на патниот правец Охрид-Кичево.

    Како што информираат надлежните, камерите се поставуваат на повеќе стратешки локации. Во фокусот се кружните текови на влезовите во Охрид и централното градско подрачје. Дополнително, дел од опремата претходно беше инсталирана на критичните точки на патот кон Кичево, поточно кај селата Горенци, Требеништа, Ботун и Ново Село во Општина Дебрца.

    Проектот засега е во фаза на техничко тестирање, што значи дека прекршоците снимени од овие камери сè уште не се санкционираат.

    Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, појаснува дека до целосното активирање на новиот систем, сообраќајната полиција нема да толерира прекршоци и продолжува со засилени контроли користејќи мобилни електронски камери, со крајна цел поголема безбедност и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

    Од полицијата најавуваат целосна транспарентност пред официјалниот старт на системот. Јавноста навремено ќе биде информирана за точните локации на камерите, за видовите прекршоци што ќе подлежат на санкции, како и за строгите мерки за заштита на личните податоци на граѓаните. Главната цел на „Сејф сити“ е да се сузбијат брзото возење, опасното претекнување и непрописното паркирање за време на туристичкиот шпиц.

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова во Салцбург: Проширувањето кон Западен Балкан е тест за геополитичкиот капацитет на ЕУ

    28.09.2026 во 13:39

    Семеен хаос во Скопје: Се степале двајца браќа и нивната мајка

    28.09.2026 во 13:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.