Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: „Државноста се гради со визија, одговорност и институции кои траат низ генерациите”

    29.10.2026 во 08:55

    Имате проблем во зградата? – Кисела Вода отвори адреса за пријави од станарите

    29.10.2026 во 08:51

    Драма во Скопје: Ја нападнале и ограбиле среде бел ден

    29.10.2026 во 08:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: „Државноста се гради со визија, одговорност и институции кои траат низ генерациите”
    • Имате проблем во зградата? – Кисела Вода отвори адреса за пријави од станарите
    • Драма во Скопје: Ја нападнале и ограбиле среде бел ден
    • Семејна драма во Македонија: Татко си го пријавил синот во полиција
    • Ден за молитва и помагање: Се слави светителот кој поверувал во Христос при распнувањето
    • Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР најавува лош пресврт со времето
    • СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
    • Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Градежна експанзија во Прилеп“: Николоски најави изградба на обиколница и нови проекти за градот

    „Градежна експанзија во Прилеп“: Николоски најави изградба на обиколница и нови проекти за градот

    27.04.2026 во 13:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Прилеп работи на проектирање на обиколница на градот, откако ќе ја испроектира Владата ќе преземе одговорност да ја финансира и да ја изгради. Во меѓувреме во Прилеп работиме и на голем број инфраструктурни проекти,  истакна  вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп.

    Тој заедно со градоначалникот Проданоски извршија увид во реконструкција на улицата “ Кеј 1-ви Мај”, проект кој се работи преку Министерството за транспорт. Вицепремиерот најави силна подршка од Владата за Прилеп и нови проекти за развој на градот.     

    “Овој проект за реконструкција на улицата Кеј 1 -ви Мај е подржан од Министерството за транспорт во соработка со Светска банка. Ќе работиме уште два проекти во следниот период, еден е улицата 11 Октомври, вториот е генерално забавување на сообраќајот имајќи превид дека безбедноста е пред се. Се работат големи инфраструктурни проекти, дел се реализираат, дел се во постапка на тендерирање, одиме со силна подршка на општината Прилеп. Сакам да изразам голема подршка на градоначалникот, на Советот,  на претседателката на Советот за она што го работи општината и интензивно ќе продолжиме со подршката со цел да се завршат сите инфраструктурни проекти.  Следниот период ќе видиме една градежна експанзија и што повеќе да завршиме и нови проекти. Најважна е обиколницата на градот за која општината веќе работи на проектирање, тоа е едно наше ветување. Кога ќе заврши проектирањето обврската ќе ја преземе Владата за да најде изведувач и финансии и да се заврши и тој голем проект. Завршивме со експресниот пат Градско-Дреново-Дреново-Фариш, ќе работиме од од Фариш до Прилеп, се работи на автопатот од Прилеп до Битола.  Така да Прилеп е голем фокус, не заприраме како што гледате, многу време и енергија посветуваме за Прилеп и така ќе продолжиме во следниот период”, истакна вицепремиерот Николоски.  

    Градоначалникот Проданоски најави забрзана реализација на започнатите проекти,  исто така најави и нови проекти за општина Прилеп, нови паркинг места се со цел локален економски развој и подобро урбано живеење за граѓаните.  

    Прочитај повеќе

    СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

    29.10.2026 во 08:21

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.