Close Menu
Press24
    Најново

    Кузеска: 9 години од 27 април – ВМРО-ДПМНЕ повторно ја заробува државата

    27.04.2026 во 11:13

    „Градски воз“ од 1 септември: Николоски најави модернизација на железничкиот сообраќај и 100 нови автобуси за Скопје

    27.04.2026 во 11:09

    Страшна несреќа на „Копакабана“: Техничар загина додека ја подготвуваше сцената за Шакира

    27.04.2026 во 11:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кузеска: 9 години од 27 април – ВМРО-ДПМНЕ повторно ја заробува државата
    • „Градски воз“ од 1 септември: Николоски најави модернизација на железничкиот сообраќај и 100 нови автобуси за Скопје
    • Страшна несреќа на „Копакабана“: Техничар загина додека ја подготвуваше сцената за Шакира
    • Брутална ликвидација во регионот: Убиени сопружници додека се движеле со автомобил
    • Белата куќа ја разгледува можноста за носење панцир: Засилена безбедност по пукањето на вечерата на дописниците
    • Временски шок во Европа: „Омега блок“ носи арктички студ и снег – Загрозено земјоделството
    • Европска метропола погодена од снежна бура и силен циклон
    • Расте цената на нафтата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: 9 години од 27 април – ВМРО-ДПМНЕ повторно ја заробува државата

    Кузеска: 9 години од 27 април – ВМРО-ДПМНЕ повторно ја заробува државата

    27.04.2026 во 11:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција го одбележа деветгодишниот јубилеј од настаните во Собранието на 27 април 2017 година, кои ги оквалификува како „најцрниот ден во историјата на македонската демократија“. Според Кузеска, тој датум е потсетник за тоа како, како што рече, „криминална и недемократска власт може да ја втурне државата во провалија“.

    Во своето обраќање, Кузеска упати низа критики кон актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Таа тврди дека девет години подоцна, наместо целосна правда, јавноста е сведок на обиди за, како што ги нарече, „срамна рехабилитација на насилниците“. Според неа, по преземањето на власта, осудените лица за 27 април се пуштаат од затвор, а истите структури повторно се активираат.

    „Денеска истата екипа. Истата банда. Истата криминална матрица. Истите луѓе, истите методи, истата агенда“, истакна Кузеска. Таа додаде дека истите личности кои биле инволвирани во тогашните случувања, денес се носители на антиевропската кампања и се дел од медиумски мрежи кои вршат притисок врз опозицијата.

    Кузеска во пресот директно го посочи и премиерот Христијан Мицкоски, тврдејќи дека под негово водство Македонија повторно се турка кон концепт на „заробена држава“. Таа посочи на, според неа, „избор на судии и обвинители под негова контрола“, како и „линч и јавни напади врз опозицијата“.

    На крајот, портпаролката на СДСМ заклучи дека 27 април не е само историски датум, туку „опомена што се случува кога државата ќе биде заробена“, повикувајќи на внимателност пред, според нејзините зборови, структурите кои сакаат повторно да ја загрозат демократијата.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.