Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27

    Се ближат продолжени викенди – Ова се неработните денови до крај на 2026

    25.09.2026 во 09:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Повеќе полиција на улица за помалку врсничко насилство
    • Инцидент во казино во Кисела Вода: Гости и вработени поради проблеми со дишењето пренесени во болница
    • Млада скопјанка пронајдена почината во стан во Кисела Вода
    • Акција на сообраќајната полиција: Уапсени десетина возачи – меѓу нив и 3 малолетници
    • Зеленски: За една недела убивме над 10.000 руски војници
    • Руски војници масовно се предаваат по украинската акција
    • Голема акција во Скопје: Се апси на повеќе локации за тероризам
    • Прилеп: Ја тепал жена му па го привела полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Градски воз“ од 1 септември: Николоски најави модернизација на железничкиот сообраќај и 100 нови автобуси за Скопје

    „Градски воз“ од 1 септември: Николоски најави модернизација на железничкиот сообраќај и 100 нови автобуси за Скопје

    27.04.2026 во 11:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, најави сериозни инвестиции во железничкиот и јавниот сообраќај. МЖ Транспорт веќе потпиша договор со ЕВОР за набавка на најмалку пет нови товарни локомотиви, а паралелно се преговара и со Светската банка за модернизација на возниот парк за патници.

    Еден од приоритетните проекти што се реализираат е воведувањето на „Градски воз“ во Скопје, чија прва линија треба да профункционира на 1 септември. Според министерот, проектот има за цел да го намали загадувањето, да го промени начинот на живот во приградските населби и да промовира култура на користење железница.

    „Ова е еден од најзначајните проекти кој го работиме иако не е голем по обем“, изјави Николоски во поткасот за „Курир“.

    Првата линија ќе ја поврзува релацијата Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода – Аеродром – Нова железничка станица Скопје. Надлежните очекуваат инфраструктурата да биде подготвена до крајот на јуни, со што ќе се овозможи старт на линијата на 1 септември.

    Паралелно, во втората половина од годината ќе се објави тендер за проектирање на уште две линии:

    1. Нова железничка станица – Бутел – Скопје Север – Ѓорче Петров;
    2. Нова железничка станица – Автокоманда – Маџари – Илинден.

    Овие две траси се очекува да бидат целосно завршени кон крајот на 2027 или почетокот на 2028 година. Николоски додаде и дека оваа есен Скопје ќе биде збогатено со 100 нови електрични автобуси, што значително ќе придонесе за почист воздух во главниот град.

    Прочитај повеќе

    Повеќе полиција на улица за помалку врсничко насилство

    28.09.2026 во 13:08

    Инцидент во казино во Кисела Вода: Гости и вработени поради проблеми со дишењето пренесени во болница

    28.09.2026 во 13:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.