Close Menu
Press24
    Најново

    Семејство македонски иселеници во Италија се загинатите во сообраќајката во Словенија

    28.08.2026 во 11:50

    Тројца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Словенија

    27.08.2026 во 20:35

    Се уште не се идентификувани тројцата Македонци кои загинаа во сообраќајката во Словенија

    27.08.2026 во 22:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВИДЕО: Од Аудито не остана ништо – словенечката полиција објави детали за сообраќајката
    • Трамп се прогласи за најголемиот Претседател во американската историја
    • Семејна драма во Македонска Каменица: Ја тепала свекрвата па со нож го погодила свекорот
    • Трагедија во Охрид: Паднал од бандера и починал
    • Над 30 земји бараат свои исчезнати државјани во Непал
    • Родителите носеле појаси а децата не – словенечките медиуми со реконструкција на сообраќајката
    • Се молиме, по потекло се од тука, живеат во Равена – Центар Жупа во црно по сообраќајката во Словенија
    • Очекувам младите да се вратат – ни на Запад животот веќе не е како порано
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Европска метропола погодена од снежна бура и силен циклон

    Европска метропола погодена од снежна бура и силен циклон

    27.04.2026 во 10:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Силен циклон го зафати европскиот дел од Русија, предизвикувајќи екстремни временски услови, обилни врнежи од дожд, снежни бури и силни ветрови. Вредноста на воздушниот притисок во циклонот е намалена на само 975 милибари, што укажува на многу силен систем кој полека се движи кон исток.

    Временските услови драстично се влошија во текот на вчерашниот ден, кога Москва беше погодена од обилни дождови, додека на северозапад од Русија и во Санкт Петербург почна да паѓа снег. Во јужните делови од московската област биле забележани и грмотевици.

    Ситуацијата се влоши во текот на ноќта, кога дождот во Москва премина во снег, проследен со силни ветрови кои достигнуваат налети од 70 км/час. Надлежните најавуваат дека снежната бура ќе продолжи и денеска, а се очекува формирање на снежна покривка до 20 сантиметри.

    Температурите се далеку под просекот за овој период од годината. Додека просечната максимална температура за крајот на април во Москва изнесува околу 15 степени, моментално тие се движат околу нулата, со најава за задржување во интервалот од 0 до 5 степени во наредните денови.

    Циклонот, покрај студот што го носи на запад, во својот преден дел предизвикува силни јужни струи кон Сибир, каде се регистрирани невообичаено високи температури. Очекувањата се дека пролетта постепено ќе се врати почетокот на мај, кога се прогнозира значително затоплување.

    Прочитај повеќе

    Трамп се прогласи за најголемиот Претседател во американската историја

    28.08.2026 во 14:56

    Над 30 земји бараат свои исчезнати државјани во Непал

    28.08.2026 во 14:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.