Close Menu
Press24
    Најново

    Мемов: Лага се тврдењата дека техничката влада се укинува веднаш и дека ова решение е донесено без консултации со политичките партии

    26.04.2026 во 12:56

    Ристески: 138 милиони денари од Општина Аеродром за сокачиња, за омилената фирма на ВМРО-ОКГ

    26.04.2026 во 12:39

    Без вода дел од корисниците на Сарај и Центар

    26.04.2026 во 12:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мемов: Лага се тврдењата дека техничката влада се укинува веднаш и дека ова решение е донесено без консултации со политичките партии
    • Ристески: 138 милиони денари од Општина Аеродром за сокачиња, за омилената фирма на ВМРО-ОКГ
    • Без вода дел од корисниците на Сарај и Центар
    • Агентот ранет на вечерата со Трамп пуштен дома: „Панцирот спречи трагедија“
    • Петрушевски: Филипче на кој дома му е во Дубаи – не може да збори за патриотизам
    • И кога не е на работа, вади телефон и снима: Погледнете како изгледаше инцидентот во САД низ објективите на новинарите
    • Тоа беше лудо: Претседателот на УФЦ со детали за нападот
    • ВМРО-ДПМНЕ: Предлог измените на Законот за минерални суровини ги зајакнуваат механизмите за заштита на животната средина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мемов: Лага се тврдењата дека техничката влада се укинува веднаш и дека ова решение е донесено без консултации со политичките партии

    Мемов: Лага се тврдењата дека техничката влада се укинува веднаш и дека ова решение е донесено без консултации со политичките партии

    26.04.2026 во 12:563 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во изминативе денови, сведоци сме на уцени и на еден длабоко неодговорен и деструктивен однос од страна на СДСМ и Венко Филипче, особено во контекст на измените на Законот за Влада. Со овие измени, јасно е предвидено дека техничката влада ќе важи за следните парламентарни избори, а потоа ќе биде укината како модел, изјави на прес-конференција Никола Мемов од Движење ЗНАМ – За наша Македонија, владиниот коалициски партнер. 

    – Ваквиот модел одамна ја има исполнето својата примарна цел и не постои како стандард во ниедна современа европска демократија и држава. Сите тврдења дека техничката влада се укинува веднаш, како и дека ова решение е донесено без консултации со политичките партии, се обична лага и претставуваат обид за манипулација со јавноста – рече Мемов.

    Според него, наместо конструктивност и политичка зрелост во време кога е неопходен широк консензус, „гледаме обиди за блокади, калкулации и партиски игри на штета на граѓаните“.

    – Последниот потег, заканата за повлекување од работната група за новиот Изборен законик, е само кулминација на ваквиот пристап. Јавно прашуваме: на што се должи овој потег? Дали сме сведоци на подготовка за сценарио за целосна блокада на работата на работната група за Изборниот законик? Дали следниот чекор е напуштање на законодавниот дом од страна на пратениците на СДСМ, со крајна цел – бојкот на претстојните парламентарни избори? Дали вистинската причина е стравот од соочување со граѓаните и од извесен, катастрофален изборен пораз, по кој, како следствен чекор по таков катастрофален резултат, ќе следува и потребата од оставка на Филипче од челната позиција на СДСМ? Дали станува збор за однапред смислено сценарио за зачувување на личните позиции на актуелното раководство на СДСМ, предводено од Филипче и нивните интереси? Дали ова е единствениот начин двоецот Филипче – Заев да го задржи влијанието врз партијата? Дали од лукративни причини се турка политика на конфронтација, со новинари, со членови на СДСМ, истакнати поединци, па дури и со градоначалници и пратеници од нивните редови? Дали намерно се изолира партијата од клучните процеси во државата? – праша Мемов.

    Тој рече дека Движењето ЗНАМ јасно порачува оти државата не смее да биде заложник на ничии политички калкулации. Ова е момент, нагласи тој, кога сите заедно „мора да ја издигнеме демократската свест, да ја зацврстиме одговорноста и да покажеме дека знаеме да носиме одлуки во интерес на државата“.

    – Македонија заслужува стабилност, достоинство и напредок, и ние ќе продолжиме да работиме токму за таква иднина. Упатуваме повик до членовите и симпатизерите на СДСМ – бидете внимателни. Не дозволувајте да бидете вовлечени во сценарија што водат кон изолација, кон уништување на партијата, слабеење на институциите и оттргнување на државата од европскиот пат – додаде Мемов.

    Истакна и дека политиката мора да биде во служба на граѓаните, а не на лични агенди.

    -Ова раководство на СДСМ ја доведе партијата до историски најнизок рејтинг, на ниво од едвај нешто над 5 проценти, а со вакви непромислени и деструктивни сценарија, ризикува целосно да ја маргинализира на политичката сцена. Затоа, упатуваме апел и до пратениците и до градоначалниците од редовите на СДСМ – не дозволувајте да бидете инструмент во стратегии што водат кон слабеење, изолирање и непостоење на партијата. Не прифаќајте политики што не се во интерес ниту на членството, ниту на граѓаните. Целиот товар на ваквите политики ќе падне врз вас, додека двоецот Заев – Филипче ќе останат изолирани од политичките последици и ќе продолжат да делуваат без отчет пред јавноста, уживајќи во моќта на златните визи, забави и крстарејќи на луксузни јахти – рече Мемов

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.