Close Menu
Press24
    Најново

    ЛДП: Наместо популизам како параван – ајде на нотар и да го смениме Уставот за вистинска одговорност

    26.04.2026 во 10:13

    Лажна дојава за бомба го испразни Ист Гејт

    26.04.2026 во 10:10

    Завршија антитерористичките проверки во „City Mall“: МВР соопшти детали

    25.04.2026 во 21:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЛДП: Наместо популизам како параван – ајде на нотар и да го смениме Уставот за вистинска одговорност
    • Лажна дојава за бомба го испразни Ист Гејт
    • Завршија антитерористичките проверки во „City Mall“: МВР соопшти детали
    • (ВИДЕО) Нова инфраструктура во Битола: Улицата „СРУ 5“ доби велосипедска патека и целосна сообраќајна сигнализација
    • Дојава за бомба во „Сити мол“
    • Како да препознаете токсични пријатели?
    • Некој се враќа, некој се заљубува: Мај ќе биде судбински месец за овие хороскопски знаци
    • Над 70 проценти раст во авиосообраќајот во последните 2 години
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЛДП: Наместо популизам како параван – ајде на нотар и да го смениме Уставот за вистинска одговорност

    ЛДП: Наместо популизам како параван – ајде на нотар и да го смениме Уставот за вистинска одговорност

    26.04.2026 во 10:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Либерално-демократската партија (ЛДП) повикува на итно прекинување на празната реторика и лажниот патриотизам што се сервира преку селективни законски измени. Наместо дневно-политички театар кој ни го сервираа(т), ЛДП нуди правно решение  за вистинска одговорност на секој избран и назначен функционер.

    Истакнатиот правник и член на раководството на ЛДП, Илија Чилиманов, посочува дека обидите со закон да се регулира прашањето на државјанството на пратениците, без притоа да се отвори Уставот, е свесна манипулација.

    „Како либерали, ние не го спориме правото на избор на секој граѓанин. Но, како правници, укажуваме дека не смее да има демагогија: предлозите кои се косат со Европскиот суд за човекови права се само ветер и магла. Ако предлагачите навистина сакаат функционери со само едно државјанство, патот е само еден, веднаш да се отвори Уставот и правилата да важат подеднакво за сите, без привилегии“, нагласува Чилиманов.

    ЛДП инсистира на конкретни чекори за соголување на оваа нова популистичко-политичка претстава:

    1. Нотарска изјава како личен тест: ЛДП ги повикува сите пратеници и функционери да дадат нотарска изјава за државјанството под кривична одговорност. Да се види кој е подготвен да ја гарантира својата искреност со законска последица, а кој само профитира од популизам.

    2. Сеопфатни уставни измени: Отворањето на Уставот е шанса не само за дефинирање на критериумите за функционерите, туку и за остварување на клучните заложби на ЛДП за еднаквост и економски заштеди за народот: намалување на бројот на пратеници на 90 и ограничување на бројот на членови на Владата на максимум 15.

    3. Крај за двојните аршини: Политичката елита не смее да биде над граѓаните. Лојалноста не се докажува со знамиња или политички трикови, туку со почитување на институциите и уставниот поредок.

    ЛДП останува на ставот дека државата не се сака со демагогија, неискреност и дволичност, туку со транспарентност и чист образ пред граѓаните. Време е некои политичари да престанат да се кријат зад популистички флоскули и да покажат вистинска храброст за системски промени. Граѓаните сакаат да знаат за кого гласаат и што им останува во џебот.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.