Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МАКОТЕН ДООЕЛ со демант до ДУИ: „Казино Фламинго“ не црта парцели, клевета е дека загрозуваме гробишта

    МАКОТЕН ДООЕЛ со демант до ДУИ: „Казино Фламинго“ не црта парцели, клевета е дека загрозуваме гробишта

    25.04.2026 во 14:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во врска со денешната прес конференција на Имране Велиу од политичката партија Демократска унија за интеграција – ДУИ, каде се споменува нашиот корпоративен бренд „Казино Фламинго“, сакаме да го потенцираме следното:

    МАКОТЕН ДООЕЛ е компанија со странски капитал кој доаѓа од земја членка на ЕУ и секоја инвестиција реализирана во Македонија се прави исклучиво согласно позитивните законски прописи. „Казино Фламинго“ веќе 19 години приредува игри на среќа во хотелски комплекс на граничниот премин Богородица и речиси 6 години во срцето на Скопје во хотелот Мериот во деловен објект кој е наша сопственост. МАКОТЕН ДООЕЛ е дел од Групација „Новоматик Македонија“. Вкупната вредност на досега реализираните инвестиции надминува 80 милиони евра. Во континуитет подржуваме различни граѓански иницијативи, проекти и реализираме бројни хуманитарни и донаторски активности. Манифестираме висока општествена одговорност преку хуманитарни и спонзорски активности во најзначајните општествени сфери, јавното здравство, спортот и културата.

    Оттука, ја уверуваме јавноста дека како и досега, така и во иднина, нема со било кој нов инвестициски проект да си го нарушиме нашиот корпоративен углед на сигурен партнер на заедницата. Казино Фламинго“ не црта градежни парцели, ниту се занимава со урбанистичко планирање. Секое тврдење дека имаме за цел да нарушиме нечие достоинство или да загрозиме земјиште каде има гробишта е чиста клевета со која недозволиво, за сурови политички интереси, се манипулира со најдлабоките верски чувства.

    Земајќи го предвид погоре наведеното, апелираме да престанат суптилните обиди за злоупотреба на светски познатиот бренд „Казино Фламинго“ во дневно-политички препукувања за да избегнеме неоснована штета врз нашиот корпоративен углед.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.