Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Петрушевски: Филипче му служи на Заев – го блокира патот на Македонија за ЕУ

    (ВИДЕО) Петрушевски: Филипче му служи на Заев – го блокира патот на Македонија за ЕУ

    25.04.2026 во 11:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Венко Филипче, очигледно, доби сила откако газдата, Зоран Заев му се појави на Бихаќка и повторно се засили да држи пресови и да си игра и портпарол, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.

    Филипче ретерираше од ставот, поточно заканите што ги кажа пратеникот Митко Трајчулески, дека ќе излегле од Собрание ако се укинела техничката влада. Ретерирањето е, можеби, една работа за која можеме да кажеме дека е добра, затоа што СДС се враќа на изворната идеја за укинување на техничка влада. Но, има еден јасен факт, а тоа е дека Филипче и СДС никако да се придвижат во насока да направат нешто добро за Македонија. Во нивниот речник нема ништо добро за Македонија. Се противат на се што е напредно, реформско. Актуелното раководство знае само да му служи на Заев, а никако на Македонија. А, служејќи му на Заев се покажува дека тие поддржуваат корупција, криминал, национални предавства. Заев е лик кој наместо на СДС да и мисли добро, му дава насоки на Филипче да ја става партијата во служба на туѓи политички агенди. Филипче треба да се освести и да разбере дека служејќи му на Заев тој ја блокира Македонија, истакна Петрушевски.

    И наместо нова енергија и визија во СДС, јавноста гледа како Филипче со неколкумина ликови ја продолжува истата онаа стара матрица на уназадување. Не може човек како Филипче, кој ја води СДС кон распад, да се грижи за европски пат на Македонија, додава Петрушевски.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.