Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче слепо го следи Заев и глуми патриот

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче слепо го следи Заев и глуми патриот

    25.04.2026 во 10:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Венко Филипче додека глуми патриот и формален лидер на СДС, Зоран Заев ја контролира СДС и е главниот газда, а доказ за тоа е појавувањето на роденденот на партијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    СДС на чело со Венко Филипче нема стратегија и план за делување како во сопствената партија, така и со државата. Филипче делува исклучиво по насоки и инструкции од Зоран Заев и за негови лични интереси и цели.

    СДС на чело со Филипче е без визија, нема визија за внатрепартиско консолидирање, ниту за управување со важни државни процеси и делување како конструктивна опозиција. Тоа се гледа и со делувањето во Собранието каде раководството на СДС, под влијание на Заев, ги кочи клучните закони поврзани со европската агенда.

    Раководството на СДС избрано од Заев ги кочи законите поврзани со ЕУ агендата само поради една цел, а тоа е да течат бизнисите на кланот Заеви.

    Филипче негодува со закони и законски измени, како оној за укинување на техничка влада, поставува услови за измените на законот со кој пратениците мора да имаат само македонско и слично. Ова се само мал дел на реформски закони иницирани од владејачкото мнозинство и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

    Наместо конструктивност и поддршка на реформите, СДС и Филипче избира блокада како средство за политички притисок, со што директно се загрозуваат интеграциските процеси на државата.

    Венко Филипче е исплашен и нервозен политичар, кој секојдневно се демантира сам себеси во зависност од насоките на Заев. Филипче е без план и до толку исплашен што се обидува да уценува, да дава ултиматуми и да повлекува незрели политички потези, доколку работите не се како што тој сака.

    Начинот на поставување на ултиматуми е незрел политички потег и штетен за демократските процеси на државата. Сè додека Филипче слепо го следи Заев и неговите интереси покажува само дека не нуди решенија и напредок, туку СДС избира блокади и конфронтации.

    Сè додека Филипче продолжува да делува во сенката на Заев и да применува вакви методи, СДС ќе се соочува со уште подлабок пад, а штетата ќе ја чувствуваат граѓаните и државата, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.