Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Укинувањето на Пржинска влада води кон изборен фалсификат

    Филипче: Укинувањето на Пржинска влада води кон изборен фалсификат

    25.04.2026 во 10:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Укинувањето на Пржинска влада води кон изборен фалсификат, предупреди претедсетаелот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју во емисијата „Трилинг“.

    Филипче посочи дека укинувањето на Пржинската влада е сериозен ризик за демократскиот процес, и укажа дека владата на премиерот Мицкоски нема капацитет да организира фер избори, поради силна партизација на институциите. Тој додаде дека институциите се целосно ставени под партиска контрола, што го доведува во прашање целиот изборен процес.

    „Како имаме ние капацитет сами да се справуваме, кога имаме власт којашто узурпира институции, го партизира судството, целосно ја партизира полицијата. Има нов Закон за полиција, којшто сега кога ќе се усвои, со новата систематизација, ќе се укине кариерниот напредок. Знаете што ќе се случи? партиски луѓе од улица ќе бидат ставени на раководни функции. Дополнително скратени се парите кои што ги добиваат полицајците. Премиерот има чувства и дава насоки од Собраниска говорница на судии и обвинители, не знаеме кој и како ги чува податоците од системот Сејф сити“, рече Филипче.

    Тој дополнително укажа на влијанието врз медиумите и ширењето на пропаганда, што дополнително ја влошува демократската атмосфера.


    „Орбанови медиуми, 40% од медиумите кај нас, кои што шират лажни вести, пропаганда и така натаму, и антиевропски наратив. Па оваа власт нема капацитет да спроведе демократски избори. Укажавме на ОБСЕ, на нашите извештаи за локалните избори 2025 година, делеа пари пред очи на полиција, на гласачки места активисти на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Филипче.


    Во интервјуто Филипче потенцираше дека укинувањето на техничката влада има јасна цел, а тоа е целосна контрола врз изборниот процес.


    „Вистинското прашање, е зошто ова власт инсистира да се укине Пржинската влада? Тоа е вистинското прашање.Зошто ако тоа е гарант за фер и демократски избори? Зошто им сметат опозициски претставници во власта за време на спроведувањето на изборите? Тоа е вистинското прашање. А одговорот однапред го знаеме. Затоа што сакаат да направат изборен фалсификат. Тоа сакаат да направат. Целосна контрола на системот“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.