Close Menu
Press24
    Најново

    Скопјанец дивеел во автобус и на улица: Нападнал возач, патници и полицаец

    04.11.2026 во 20:18

    Министерство за правда: Европската комисија ги препознава конкретните резултати од реформите во правосудството

    04.11.2026 во 19:44

    Децата во Германија, Австрија и Унгарија за Ноќта на вештерките добиле колачиња со игли и шајки

    04.11.2026 во 19:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопјанец дивеел во автобус и на улица: Нападнал возач, патници и полицаец
    • Министерство за правда: Европската комисија ги препознава конкретните резултати од реформите во правосудството
    • Децата во Германија, Австрија и Унгарија за Ноќта на вештерките добиле колачиња со игли и шајки
    • Билјана Кириќ (17) е девојката пронајдена мртва во запалениот автомобил во Богданци
    • Средба во седиштето на НАТО командата: Претседателката оствари разговор со генералот Алексус Грегори Гринкевич
    • Џеј Ди Венс отворено призна: Војната со Иран е главната причина за изборниот пораз на републиканците
    • Данска на нозе: Илјадници студенти протестираат против кратењето на државната помош за сметка на војската
    • Јаневска за истрагата на УГД Штип: Секогаш ќе има поединци што ќе го злоупотребуваат системот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија и Црна Гора ги здружуваат силите во здравството: Алиу и Шимун разговараа за ЕУ стандарди и регионална соработка

    Македонија и Црна Гора ги здружуваат силите во здравството: Алиу и Шимун разговараа за ЕУ стандарди и регионална соработка

    24.04.2026 во 15:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Министерството за здравство оствари официјална средба со делегација од Министерството за здравство на Црна Гора, предводена од министерот за здравје, Војислав Шимун. На средбата беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на европските интегративни процеси.

    -Нашата држава има воспоставено традиционално добра и пријателска соработка со Црна Гора. На средбата со министерот за здравје на Црна Гора изразивме подготвеност за натамошно унапредување на билатералната соработка во сегментот на здравствените системи. Имавме содржајна и конструктивна размена на искуства поврзани со процесот на усогласување на националното законодавство со правото на Европската унија, како и со динамиката и методологијата на пристапните преговори. Посебно внимание посветивме на поглавјето 28 кое се однесува на јавното здравје, како еден од клучните сегменти во процесот на усогласување со европските стандарди, истакна министерот Алиу.

    На билатералната средба беше истакнато заедничкото учество во Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, каде особено е значајна улогата на регионалниот центар за незаразни болести во Подгорица, како и регионалниот центар за јавноздравствени системи во Скопје.

    -Заедно со министерот за здравје на Црна Гора ги разгледавме можностите за натамошна размена на експерти и медицински кадар, соработка во делот на справување со незаразни болести, како и во насока на зајакнување на јавното здравство, дигитализација и размена на добри практики во здравството преку можностите за заеднички апликации во рамки на регионални и ЕУ програми, додаде Алиу.

    На средбата беше нагласена важноста од континуирана институционална соработка, со цел обезбедување  одржливи и ефикасни реформи во здравствениот сектор, во насока на унапредување на квалитетот на здравствената заштита и зајакнување на јавното здравје, во согласност со принципите и вредностите на Европската унија.

    Министерот за здравје на Црна Гора, Војислав Шимун, на средбата го сподели црногорското искуство во пристапниот процес кон Европската унија, со посебен осврт на поглавјето 28, кое се однесува на јавното здравје и чиј процес, како што посочи, е значително интензивиран и се наоѓа во завршна фаза на затворање. Тој информираше и за учеството на Црна Гора во програмата EU4Health, при што ги презентираше проектите за кои земјата добила поддршка, изразувајќи подготвеност овие искуства да ги сподели, особено во делот на дигитализацијата на здравствениот систем и користење на европските механизми за поддршка на реформите во здравството.

    Прочитај повеќе

    Скопјанец дивеел во автобус и на улица: Нападнал возач, патници и полицаец

    04.11.2026 во 20:18

    Министерство за правда: Европската комисија ги препознава конкретните резултати од реформите во правосудството

    04.11.2026 во 19:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.