Close Menu
Press24
    Најново

    Петрушевски: Филипче работи по насоки на Заев, СДСМ ги блокира реформските закони

    24.04.2026 во 12:11

    Паднаа судски полицаец и судски доставувач – едниот заврши во затвор другиот во куќен притвор

    24.04.2026 во 11:59

    Искористете го сонцето за претстојниот викенд, од вторник следува пресврт и пад на температурите

    24.04.2026 во 11:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Петрушевски: Филипче работи по насоки на Заев, СДСМ ги блокира реформските закони
    • Паднаа судски полицаец и судски доставувач – едниот заврши во затвор другиот во куќен притвор
    • Искористете го сонцето за претстојниот викенд, од вторник следува пресврт и пад на температурите
    • Нови мерки за енергетската криза: Мицкоски најавува дополнителна поддршка за граѓаните
    • Засилени контроли на пазарот на ѓубрива: ДПИ ги проверува цените и залихите кај трговците
    • Целата македонска јавност ќе биде изненадена: Јаневска најавува нов „покрупен“ скандал од скандалот на Филозофскиот факултет
    • Позната здравствената состојба на тројцата повредени работници
    • МВР потврди: Еден загинат и тројца повредени при несреќа на градилиште во Кисела Вода
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски: Филипче работи по насоки на Заев, СДСМ ги блокира реформските закони

    Петрушевски: Филипче работи по насоки на Заев, СДСМ ги блокира реформските закони

    24.04.2026 во 12:111 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска на прес-конференција го обвини раководството на СДСМ, предводено од Венко Филипче, дека дејствува исклучиво по насоки на поранешниот премиер Зоран Заев, со цел да се кочат евроинтеграциските процеси и да се заштитат лични бизнис интереси.

    Според Петрушевски, појавувањето на Заев на одбележувањето на роденденот на СДСМ е јасен сигнал за тоа кој ја контролира партијата.

    „Како што веќе укажавме дека појавувањето на Зоран Заев на Бихачка по повод роденденот на СДС е потврда дека тој е газда, сега можеме да слушнеме, видиме од настапите на слугата Венко Филипче како постапува по насоки од Заев“, истакна Петрушевски.

    Тој тврди дека СДСМ свесно ги блокира законите кои се клучни за европската агенда на државата. Меѓу нив, Петрушевски ги посочи измените за укинување на техничката влада, како и законските измени со кои пратениците би биле обврзани да имаат исклучиво македонско државјанство.

    Петрушевски на крајот упати порака до раководството на опозициската партија.

    „Се додека Филипче го избира минатото и работи по насоки на Заев, ниту за него, ниту за партијата, уште помалку ќе биде добро за граѓаните и државата. Затоа Филипче мора да расчисти со Заев и неговите криминални политики“, заклучи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.