Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Заев е „врховниот лидер“ на СДС, Филипче е само формален претседател

    ВМРО-ДПМНЕ: Заев е „врховниот лидер“ на СДС, Филипче е само формален претседател

    24.04.2026 во 09:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС не ја води претседателот на партијата Венко Филипче туку сенката од минатото Зоран Заев, кој ја контролира партијата. Доказ за тоа е појавувањето на Заев на роденденот на партијата што уште еднаш потврди дека тој е вистинскиот газда, а Филипче е само извршител, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Појавувањето на Заев не остави никаква дилема, тој е врховниот лидер на СДС додека Венко Филипче останува само формален претседател.

    Заев е олицетворение на криминал, корупција и човек кој се пазари за се па дури и за државните и национални интереси, а Филипче е личност што слепо го следи и се воодушевува на неговиот ментор.

    СДС денес е јасен пример за партија без вистинско раководство и без сопствена насока. Наместо лидерство, гледаме извршување на туѓи насоки и одржување на старите структури на Заев.

    Филипче може да тврди што сака, но реалноста е поинаква, СДС не ја води тој. Партијата е заробена во истите кругови што ја доведоа до пад на довербата кај граѓаните и членството од само 130 илјади гласа.

    Додека граѓаните очекуваат одговорност, реформи и нов почеток, СДС продолжува со истите лица и истите политики.

    СДС денес е партија која не се реформира и обвновува туку напротив продолжува да тоне со деструктивните политики на Филипче.

    Се додека Филипче и СДС јасно не се дистанцираат од минатото, од Зоран Заев и од влијанијата што ја држат партијата во место, нема иднина за СДС.

    Се додека СДС и Филипче не се откажат од Заев нема вистинска промена во СДС, напротив продолжување на статус кво кое ја носи партијата уште подлабоко на маргините“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.