Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузмановска: Младите ја напуштаат државата, власта само глуми проевропска агенда

    Кузмановска: Младите ја напуштаат државата, власта само глуми проевропска агенда

    23.04.2026 во 14:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Потпретседателката на Социјалдемократската младина на Македонија, Стефанија Кузмановска, учествуваше и се обрати на годишната конференција во рамки на  Програмата „Вили Брант“ за проширување на ЕУ на тема „Проширување на ЕУ за новата генерација: Зајакнување на младите“, а во организација на Групата на Социјалистите и Демократите во Европскиот Парламент.

    Во своето обраќање, Кузмановска посочи дека европската перспектива на Македонија е загрозена и блокирана од актуелната власт, а се повеќе млади ја напуштаат државата и  ја гледаат својата иднина надвор од Македонија.

    „Мојата генерација порасна со верување дека припаѓаме во Европската Унија. За жал, денешната реалност е многу покомплексна. Сегашната влада се претставува како проевропска, но покажа дека нема политичка волја и желба за спроведување на  клучните чекори, особено оние што треба да го  зајакнат владеењето на правото.Секоја година, илјадници млади ја напуштаат Северна Македонија и се преселуваат во земјите членки на ЕУ. Се соочуваме со сериозен предизвик на одлив на мозоци. Не само поради економски причини, туку затоа што бараат функционален систем, стабилност, правичност, можности и европска иднина“, рече Кузмановска.

    Таа додаде дека евроскептицизмот кај младите во Македонија расте, што е резултат на на дезинформации, со што се поткопува довербата во Унијата.

    „Евроскептицизмот особено кај младите расте. Приближно 35% веруваат дека Македонија можеби никогаш нема да се приклучи на Унијата. Овој тренд е поттикнат од дезинформации, манипулирани наративи и влијанието на крајно десничарската анти-европска кампања, што ја  поткопуваат довербата во ЕУ. Ова треба да биде аларм за сите нас, особено за прогресивците. Мора да го преиспитаме нашиот пристап и да го преобликуваме нашиот наратив, а одговорноста да ги браниме демократските вредности е на нас, на прогресивците, на социјалдемократите“, рече Кузмановска.

    Во своето обраќање Кузамновска посочи дека социјалдемократијата останува најсилната алтернатива на авторитарните и антидемократските идеологии.Таа порача дека младите мора да бидат вклучени во сите процеси од национален интерес, додавајќи дека Македонија нема план Б, единстевната реална перспектива за граѓаните особено за младите е членството во Европската Унија.

    „Немаме план Б. Европската Унија е единствениот реален пат за економска сигурност, социјална стабилност и долгорочен просперитет. Младите ни се потребни.Не како декор на конференци, туку како вистински учесници во обликувањето на процесот,с о вистински пристап, вистински информации и вистинска моќ.Наместо да ги губиме младите од Македонија, мора да ја доближиме Европа до нив“, рече Кузмановска.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.