Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ поднесе законски измени: Министрите без двојно државјанство, бараат правилото да важи веднаш

    СДСМ поднесе законски измени: Министрите без двојно државјанство, бараат правилото да важи веднаш

    23.04.2026 во 10:261 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката група на СДСМ поднесе Закон за измени на Законот за Влада по скратена постапка, забраната за двојно државјанство да важи за министрите, вицепремиерите и целиот состав на Владата и тоа веднаш, се наведува во соопштението од СДСМ.

    „Со ова, СДСМ поставува јасен принцип: исти правила мора да важат за сите избрани и именувани функционери, без исклучок и тоа веднаш.

    Измените коишто ВМРО-ОКГ ги најави на Законот за пратеници, со кои пратеник би можел да биде само лице со македонско државјанство, се уште една измама на власта.

    Затоа што според нивниот предлог, овие измени би важеле дури од наредниот парламентарен состав, а не за актуелните пратеници.

    Очигледно е дека целта е да се заштитат актуелните пратеници и министри на ВМРО-ОКГ кои имаат и други државјанства.

    Ова е нечесно, лицемерно и спротивно на принципите на еднаквост и одговорност.

    СДСМ ја разобличува оваа манипулација и презема конкретни чекори, освен Законот за влада ќе поднесеме и амандмани на предлогот на ВМРО да важи веднаш.

    Двојно државјанство нема да има пратеник ниту избран и именуван функционер, и тоа да важи веднаш“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.