Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Се ближат продолжени викенди – Ова се неработните денови до крај на 2026

    25.09.2026 во 09:51

    Загинаа 27 лица – Хорор во Јоханесбург

    27.09.2026 во 11:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се подготвуваат нови евро банкноти – дали треба да ги смените старите?
    • Малолетник прегазен во скопски Чаир
    • Гаши во Саудиска Арабија
    • Истече мерката на Владата за поевтин дизел – ако не ја продолжат поскапувањето ќе биде големо
    • Вештачката интелигенција цица струја
    • Вучиќ си замина – до кога?
    • Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап
    • Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО+ВИДЕО: Тошковски на полициска вежба во Идризово: Се гради професионален кадар подготвен за секој предизвик

    ФОТО+ВИДЕО: Тошковски на полициска вежба во Идризово: Се гради професионален кадар подготвен за секој предизвик

    22.04.2026 во 16:181 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Центарот за обука во Идризово присуствуваше на симулациска вежба на кандидатите за полицајци од генерацијата 2025/2026, кои во моментот се на теренско-тактичка обука во рамки на третиот модул од нивната основна обука.

    Вежбата започна со симулација на борбена тревога, по што кандидатите демонстрираа формации на движење, реакција, прифаќање и напад по контакт. Во завршниот дел беше изведено сценарио за воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем, при што беа прикажани зборни распореди и различни форми на интервенција.

    Со оваа двонеделна теренско-тактичка обука кандидатите ги надградуваат своите практични знаења и вештини, стекнати во текот на основната обука, со цел нивна целосна подготвеност за извршување на полициските задачи.

    Министерството за внатрешни работи продолжува континуирано да инвестира во унапредување на обуката, подготвеноста и работните услови, како на кандидатите за полицајци, така и на активните полициски службеници. Ваквите вложувања директно придонесуваат за посилен, поефикасен и професионален полициски состав, што значи повисоко ниво на безбедност за сите граѓани.

    Прочитај повеќе

    Малолетник прегазен во скопски Чаир

    28.09.2026 во 09:52

    Гаши во Саудиска Арабија

    28.09.2026 во 09:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.