Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Без консензус нема укинување на техничката влада

    Филипче: Без консензус нема укинување на техничката влада

    22.04.2026 во 14:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека предлог-измените на Законот за Влада, со кои се предвидува укинување на техничката влада, без консензус претставуваат сериозен удар врз единствениот механизам за фер избори.

    „Техничката влада е меѓупартиски договор на четирите најголеми партии и таа техничка влада е донесена со консензус и само со консензус може да се укине. Ова е еден единствен преостанат механизам гаранција за одржување на фер и демократски избори. Во услови кога гледаме како се однесува актуелната власт, овој закон треба да се повлече. Овој закон вака не смее да помине“, порача Филипче.

    Тој додаде дека општеството не е зрело за укинување на техничката влада затоа што се уште системот е заробен и по партиска контрола исто како во времето на Никола Груевски.

    „Системот се контролира и во правосудство и во сите институции со силна партизација, исто како што се правеше во времето на Никола Груевски до 2016-та година, односно општеството и државата повторно не се зрели да се спроведат фер и демократски избори.  Силен притисок на правосудните органи, поставување на свои луѓе на места за судии, обвинители. Чувствата на премиерот коишто се јавно искажани не се ништо друго освен притисок кон правосудството и обиди за заплашување на опозицијата“, нагласи Филипче.

    Воедно, Филипче оцени дека предложените измени се дел од поширок процес на дерегулација и заобиколување на реформските обврски.

    „Овој закон за влада е дел од Реформската агенда, а таму јасно стои дека треба да се донесе нов закон за влада, не само вака изменет Закон за влада. Значи, повторно не се постапува ниту по реформската агенда“, рече Филипче.

    Тој заклучи дека наместо укинување на механизми за контрола, државата мора да се фокусира на зајакнување на институциите и обезбедување фер изборен процес.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.