Close Menu
Press24
    Најново

    ВИДЕО: Вака беа откриени пурите во вредност од 4.000 евра – Царината со детали за заплената

    10.06.2026 во 10:47

    Студен фронт и невреме се движат кон соседството, температурата паѓа за 15 степени: Еве кој ќе биде прв на удар

    10.06.2026 во 10:36

    Јавен повик за волонтери во Кабинетот на Сиљановска

    10.06.2026 во 10:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВИДЕО: Вака беа откриени пурите во вредност од 4.000 евра – Царината со детали за заплената
    • Студен фронт и невреме се движат кон соседството, температурата паѓа за 15 степени: Еве кој ќе биде прв на удар
    • Јавен повик за волонтери во Кабинетот на Сиљановска
    • Вртоглави цени во Европа: Еве во кои градови квадратот надминува 18.000 евра, а стан со една спална е милион
    • Апокалиптични сцени во Словенија: Силна бура активираше 50 свлечишта, штетите се во милиони евра
    • Тутунот да се третира на правилен начин – клучни препораки од СЕКЕ Прилеп
    • Град Скопје со известување до граѓаните
    • Сообраќајна несреќа во Македонија – Се судрија возила во Штип
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тренчевска предупредува: Измените за концесии и минерални суровини по скратена постапка се опасни за здравјето и животната средина

    Тренчевска предупредува: Измените за концесии и минерални суровини по скратена постапка се опасни за здравјето и животната средина

    22.04.2026 во 13:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, предупреди дека измените на законите за минерални суровини и концесии не смеат да се носат по скратена постапка, бидејќи носат ризик од сериозни последици по здравјето на граѓаните и животната средина.

    „Природните ресурси се наше заедничко богатство. Тие не се сопственост ниту на една влада. Припаѓаат на сите граѓани и никој нема право да ги става истите во функција на приватни интереси без јасни правила, без контрола и без согласност на граѓаните“, истакна Тренчевска.

    Таа нагласи дека предложените измени на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство не се технички измени, туку системски промени во начинот на управување со природните ресурси.

    „Измените и дополнувањата по скратена постапка не се технички измени, тоа се системски промени на начинот на којшто се управува со природните ресурси. Вакви значајни закони треба да се носат во редовна постапка, транспарентно, не тивко и не на брза рака. Потребно е процесот да биде транспарентен и со јавна дебата“, рече Тренчевска.

    Тренчевска предупреди дека ваквите законски решенија можат да имаат директни негативни последици врз здравјето на граѓаните.

    „Овие измени и дополнувања на овие два закони предизвикуваат штетни последици врз здравјето на граѓаните. На големите компании ќе им биде профитот, а на граѓаните загадувањето и сите други штетни последици по здравјето“, потенцираше Тренчевска.

    Таа нагласи дека СДСМ бара двете точки да бидат симнати од дневниот ред и вратени во редовна собраниска процедура, со цел да се отвори вистинска јавна дебата со сите засегнати страни, граѓанскиот сектор и експертите.

    „Од тие причини, предлагаме точка 10 – Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини по скратена постапка и точка 11 – Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно-приватно партнерство по скратена постапка, да се симнат од дневен ред и да се достават во редовна постапка, за да можеме да отвориме јавна дебата со сите засегнати страни, со граѓанскиот сектор и со експертите од оваа област, сè со цел да донесеме закон којшто нема да штети на здравјето на граѓаните и нема да штети на животната средина“, заклучи Тренчевска.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието

    10.06.2026 во 09:42

    ВМРО-ДПМНЕ: Пониски трошоци за граѓаните – Мобилен роаминг како дома во земјите од ЕУ

    10.06.2026 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.