Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тренчевска предупредува: Измените за концесии и минерални суровини по скратена постапка се опасни за здравјето и животната средина
    • Саемот на книгата почнува утре: ЈСП Скопје воведува две специјални автобуски линии за посетителите
    • Ужас во Делчево: Родители дозволиле малолетните ќерки да стапат во вонбрачни заедници, едната од нив родила и дете
    • Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен
    • Цветкоски: Забраната за двојно државјанство да важи за сите функционери, не само за пратениците
    • Спасовски: Укинувањето на техничката влада преку скратена постапка е спротивно на политичкиот консензус
    • Институциите ќе го кажат зборот: Јаневска за нерегуларностите на Филозофскиот факултет
    • Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кривична пријава за полицаец од Тетово: Фалсификувал службен документ и го злоупотребил потписот на раководителот

    Кривична пријава за полицаец од Тетово: Фалсификувал службен документ и го злоупотребил потписот на раководителот

    22.04.2026 во 08:581 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против полициски службеник од СВР Тетово поради сомнение за фалсификување службена исправа.

    Како што информираат од МВР, станува збор за лицето Д.М., кое се товари за кривично дело по член 361 од Кривичниот законик. Според наводите, пријавениот во јуни 2019 година, постапувајќи по барање од адвокат од Тетово, изготвил службен документ за достапност на лице со невистинита содржина, без да изврши соодветни проверки на терен.

    Понатаму, за да го озваничи документот, тој го злоупотребил потписот на раководителот, внел несоодветен деловоднички број и го заверил со службен печат. Документот потоа бил предаден директно на адвокатот, спротивно на пропишаните процедури за канцелариско и архивско работење.

    Според информациите, ваквиот службен спис бил употребен како доказ во судска постапка пред Основниот суд во Тетово, при што бил евидентиран на штета на лице од Тетово.

    Кривичната пријава е поднесена до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а се преземаат понатамошни мерки за расчистување на случајот.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.