Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зајкова: Законот да важи еднакво за сите – крај за двојните државјанства на функционерите

    Зајкова: Законот да важи еднакво за сите – крај за двојните државјанства на функционерите

    21.04.2026 во 20:091 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии? Законот треба да важи еднакво за сите! Како што важи за претседателот на државата, за јавниот обвинител, за амбасадорите – така да важи и за сите избрани и именувани лица. БЕЗ ИСКЛУЧОК. ОД ДЕНЕС! Еве, нека немаат двојно државјанство и пратениците, и министрите, и директорите – сите. И тоа да важи за СЕГАШНИТЕ, без одлагање“, пишува во објава на социјалните мрежи претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.

    Зајкова бара да се направи увид и доколку некој во моментот кога стапил на функција имал двојно државјанство, веднаш да си поднесе оставка.

    „Воедно, пратениците-предлагачи нека побараат оставки од сите министри кои евентуално имаат или имале двојно државјанство во моментот на изборот. Како до вчера било во ред, а сега не е. Или ќе го држат ставот до крај – или ќе бидат обвинети од јавноста за ДВОЛИЧНОСТ. Еве, јас волонтирам – нека почне од моето државјанство. Подготвена сум да заверам изјава пред нотар дека не сум имала друго државјанство“, пишува претседателката Зајкова и ги повикува своите колеги пратеници и функционери истото да го направат со проверка и на нотар.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.