Close Menu
Press24
    Најново

    Трамп со ултиматум до Иран: Ако нема договор до среда, продолжуваме со бомбардирањето

    21.04.2026 во 16:22

    Скопјанка пријавила закани од странец: Барал да му врати 1.350 евра за лек за нејзиното дете

    21.04.2026 во 16:18

    Владата ги ограничи маржите на ѓубривата – нова заштитна мерка за земјоделците

    21.04.2026 во 16:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп со ултиматум до Иран: Ако нема договор до среда, продолжуваме со бомбардирањето
    • Скопјанка пријавила закани од странец: Барал да му врати 1.350 евра за лек за нејзиното дете
    • Владата ги ограничи маржите на ѓубривата – нова заштитна мерка за земјоделците
    • Ужас во скопско: Киднапирана 28-годишна жена, обљубена, тепана и три дена држена во заробеништво
    • 11 пријави за семејно насилство за едно деноноќие – четворица приведени
    • Падна дилер од Кавадарци – во домот полицијата му пронајде наркотици и опрема за мерење
    • Трагедија во Подгорица: Тројно убиство во населбата Стар Аеродром – осомничениот избегал
    • Завршни зборови за свирепото убиство во Штип: Обвинителството бара казна, одбраната тврди дека Асанов е невин
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп со ултиматум до Иран: Ако нема договор до среда, продолжуваме со бомбардирањето

    Трамп со ултиматум до Иран: Ако нема договор до среда, продолжуваме со бомбардирањето

    21.04.2026 во 16:222 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на САД, Доналд Трамп, упати јасен ултиматум до иранските власти – доколку до среда вечерта не се постигне договор за продолжување на прекинот на огнот, американската војска ќе продолжи со нападите.

    Во телефонско интервју за CNBC, Трамп истакна дека нема намера да го продолжи примирјето. „Очекувам дека ќе бомбардираме, бидејќи мислам дека тоа е подобар пристап“, рече тој, додавајќи дека американската армија е подготвена да дејствува и се наоѓа во состојба на висока готовност. „Не сакам да го правам тоа. Немаме многу време, тие мора да преговараат“, потенцира претседателот.

    Трамп ги критикуваше иранските власти поради односот кон демонстрантите, обвинувајќи ги за убиства на десетици илјади невооружени луѓе. Тој се закани со „многу силни мерки“ доколку продолжи насилството од страна на режимот.

    Во однос на потенцијалните воени цели, како мостови и енергетски постројки, Трамп појасни: „Тоа не е мој избор, но би влијаело врз нив воено. Тие ги користат мостовите за преместување оружје и ракети“.

    Американскиот претседател го оцени иранското раководство како „цврсто“ и „крволочно“, но порача: „Ако постигнат договор, повторно можат да станат силна и успешна земја“. Истовремено, тој ги критикуваше ставовите на лидерот на демократите, Хаким Џефрис, оценувајќи дека јавните критики им штетат на преговорите, пред очекуваната посета на американската делегација на Пакистан.

    Популарно

    Трамп со ултиматум до Иран: Ако нема договор до среда, продолжуваме со бомбардирањето

    21.04.2026 во 16:22

    Скопјанка пријавила закани од странец: Барал да му врати 1.350 евра за лек за нејзиното дете

    21.04.2026 во 16:18

    Владата ги ограничи маржите на ѓубривата – нова заштитна мерка за земјоделците

    21.04.2026 во 16:06

    Ужас во скопско: Киднапирана 28-годишна жена, обљубена, тепана и три дена држена во заробеништво

    21.04.2026 во 15:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.