Close Menu
Press24
    Најново

    Паника кај туристите во Грција: Морето кај Солун одеднаш стана целосно зелено и почна да мириса, еве што се случува

    10.06.2026 во 09:42

    СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието

    10.06.2026 во 09:42

    Хаосот во Белфаст продолжува: Демонстрантите палеа куќи и автомобили

    10.06.2026 во 09:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Паника кај туристите во Грција: Морето кај Солун одеднаш стана целосно зелено и почна да мириса, еве што се случува
    • СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието
    • Хаосот во Белфаст продолжува: Демонстрантите палеа куќи и автомобили
    • ВМРО-ДПМНЕ: Пониски трошоци за граѓаните – Мобилен роаминг како дома во земјите од ЕУ
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ги интересира ни народот ни државата туку само пари и моќ
    • ФОТО: Го натоварил автобусот со пури и тргнал на пат – Голема заплена на македонската Царина
    • Скандал во Париз: Суспендирани 52 лица поради сексуално насилство врз деца во воннаставни активности
    • Силно невреме со град и грмотевици и во Србија – Метео предупредување и за Македонија и цел регион
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Ај честито, злато си“: Во судница се читаа пораките меѓу Димитровска и ревизорот кој полагаше во нејзино име

    „Ај честито, злато си“: Во судница се читаа пораките меѓу Димитровска и ревизорот кој полагаше во нејзино име

    21.04.2026 во 13:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Ај честито и злато си, частам ручек“. Ова е само дел од писмената комуникација што денеска беше презентирана во судницата на рочиштето против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која се товари за одавање службена тајна и компјутерски фалсификат.

    Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција пред судот ги читаше пораките кои Димитровска си ги разменувала со ревизорот Миле Столевски, на денот кога, според обвинението, тој наместо неа го полагал тестот за добивање безбедносен сертификат.

    Според презентираните докази, откако Димитровска му ги дала своите корисничко име и лозинка, комуникацијата течела на следниот начин:

    • Столевски: Ќе полагам сега.
    • Димитровска: Ради ДКСК, ај со среќа.
    • Столевски: Фала.
    • Димитровска: Како ти оди?
    • Столевски: Само што завршив со курсот, сега ќе полагам.

    Комуникацијата завршила со ПДФ-документ испратен до Димитровска – електронски издаден сертификат од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, на нејзино име.

    Во исто време, беа презентирани и пораки од друга обвинета во предметот, Билјана Петровска-Мандева, вработена во ТЕЦ Неготино. Обвинителството тврди дека таа преку пораки го известувала поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ (обвинет во случајот „Адитив“), дека е отворена истрага за набавката на мазут.Како доказ беше посочено дека таа му фотографирала наредба од Бирото за јавна безбедност (БЈБ) која пристигнала во компанијата.

    И покрај презентираните докази, Димитровска, Столевски и Мантева се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието

    10.06.2026 во 09:42

    ВМРО-ДПМНЕ: Пониски трошоци за граѓаните – Мобилен роаминг како дома во земјите од ЕУ

    10.06.2026 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.