Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николовски: Годинава за 11 милиони евра зголемена наплатата од увоз на тутун, во акции спречени осум обиди за шверц

    Николовски: Годинава за 11 милиони евра зголемена наплатата од увоз на тутун, во акции спречени осум обиди за шверц

    21.04.2026 во 12:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За 11 милиони евра е зголемена наплатата на приходи од увоз на тутун и тутунски производи во првото тримесечје годинава во однос на истиот период минатата година, при што само по овој основ во Буџетот се слеале вкупно 2,82 милијарди денари или 45,8 милиони евра.

    Истовремено во овој период во осум случаи се запленети над еден милион парчиња цигари и 225,6 килограми тутунски производи – сецкан тутун, тутун за наргиле и никотински ќесички. Во четири случаи беше спроведена предистражна кривична постапка од страна на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги и беа поднесени кривични пријави против четири физички и едно правно лице.

    Овие акции се насочени кон заштита на државниот Буџет и заштита на здравјето на граѓаните.

    „Нашата улога не е само да контролираме, туку да заштитиме, да спречиме и да покажеме дека законот важи подеднакво за сите. Компаниите што работат законски мора да имаат сигурност и предвидливост. Нашата улога е да обезбедиме услови во кои чесното работење е предност, а за нелојалната конкуренција, нема простор. Така се создава здрава економија и се отвораат нови бизнис можности. Тоа е нашата одговорност. Но не само наша. Тоа е и одговорност на секој поединечен учесник во секоја поединечна царинска постапка. Транспортер, увозник, царински застапник, патник…И за секој од нив ќе важи кажаното затоа што носат одговорност и имаат обврска да се однесуваат законски, а не селективно и според лични моментални потреби и убедувања. Само според законот. И само тогаш ќе можеме да зборуваме за систем. Се друго ќе биде само импровизација. Ние како Управа треба да се стремиме да го достигнеме стадиумот кога не реагираме на веќе настанати проблеми и искушенија, туку истите ги предвидуваме и анулираме пред да се случат“, порача директорот, Бобан Николовски на денот на одбележување 34 години од Царинската управа.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.