Close Menu
Press24
    Најново

    Средба на Сиљановска-Давкова со казахстанскиот министер за трговија и интеграции

    20.04.2026 во 22:01

    Маск не се појави на суд во Париз: Франција му порача дека никој не е над законот

    20.04.2026 во 21:47

    Во последното деноноќие лишени од слобода две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство

    20.04.2026 во 21:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Средба на Сиљановска-Давкова со казахстанскиот министер за трговија и интеграции
    • Маск не се појави на суд во Париз: Франција му порача дека никој не е над законот
    • Во последното деноноќие лишени од слобода две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство
    • Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните
    • Филипче: Закочениот европски пат е најголемото предавство кон иднината на Македонија
    • Филипче: СДСМ 35 години ja носи одговорноста за иднината на државата
    • Приведен 21-годишник од кумановско, возел мотор без дозвола
    • Си Џинпинг со апел до светот: Ормускиот Теснец мора веднаш да се отвори за сообраќај
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Средба на Сиљановска-Давкова со казахстанскиот министер за трговија и интеграции

    Средба на Сиљановска-Давкова со казахстанскиот министер за трговија и интеграции

    20.04.2026 во 22:011 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев, кој престојува во официјална посета на земјава заедно со претставници на казахстанска деловна заедница.

    На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу двете земји, при што, претседателката нагласи дека средбите на највисоко ниво во изминатиот период, вклучително и разговорите со претседателот Касим-Жомарт Токаев на Астана форумот и на Самитот КОП 29 во Баку, како и неодамнешното заедничко учество на Дипломатскиот форум во Анталија, значајно придонеле за зајакнување на меѓусебната доверба и политичкиот дијалог.

    Во разговорот беше истакната заедничката заложба за унапредување на економската соработка, особено во областа на енергетиката и обновливите извори на енергија, трговската размена, како и во културата и туризмот.

    Претседателката го поздрави одржувањето на Вториот македонско-казахстански бизнис-форум во Скопје, како и потпишувањето на двата важни документи: Договорот за македонско-казахстански бизнис совет и Меморандумот за промоција на трговијата и економската соработка.

    Казахстанските претставници особено се заинтересирани за инвестиции во слободната економската зона Бунарџик, заради можноста за полесен пристап до европскиот пазар.

    Претседателката и министерот ја реафирмираа заложбата на малите и средни држави за мултилатерализам и потребата од зајакнување на улогата на ОН во меѓународниот поредок.

    Популарно

    Средба на Сиљановска-Давкова со казахстанскиот министер за трговија и интеграции

    20.04.2026 во 22:01

    Маск не се појави на суд во Париз: Франција му порача дека никој не е над законот

    20.04.2026 во 21:47

    Во последното деноноќие лишени од слобода две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство

    20.04.2026 во 21:31

    Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

    20.04.2026 во 21:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.