Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во Собранието се одржа комисиска расправа по предлогот на закон за Советот на јавните обвинители

    Во Собранието се одржа комисиска расправа по предлогот на закон за Советот на јавните обвинители

    20.04.2026 во 17:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците одржа расправа на која денеска беа разгледани и се одлучуваше по 26 амандмани за измени и дополнување на предлогот на закон за Советот на јавните обвинители на Република Македонија, второ читање, предложен од Министерството за правда.

    За предлозите на пратениците, членови на Комисијата, јавно произнесување и образложенија даде заменик министерот за правда Ален Деребан кој прифати амандмани предложени од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, амандмани предложени од пратениците на СДСМ и коалицијата, а еден амандман предложен од опозицијата, Министерството за правда делумно прифати за што беше извршено заедничко усогласување на текстот.

    Амандманот за менување на членот 9, алинеа 15, поднесен од група пратеници, го образложи пратеникот и претседател на комисијата Љупчо Пренџов.

    -Овој амандман го поднесуваме со цел во развојната секторска стратегија за правосудството 2024-2028 година во која е констатирана актуелната состојба и потреби, да се предвиди поактивна улога на Советот на јавните обвинители на Република Македонија во текот на надзорот, како и овозможување на Советот да иницира надзор, посочи Пренџов, чиј амандман Министерството за правда го прифати.

    Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница неизгласа 13 предложени амандмани, 6 амандмани беа повлечени од предлагачите, а два комисиски амандмани беа едногласно прифатени заради номотехничко допрецизирање на текстот на законското решение.

    Предлогот на закон за Советот на јавните обвинители продолжува во понатамошна собраниска постапка

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.