Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитријевиќ ги демантира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ: Станува збор за чиста лага, измислуваат приказни

    Димитријевиќ ги демантира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ: Станува збор за чиста лага, измислуваат приказни

    20.04.2026 во 12:561 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска остро ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека остварил средби со претставници на српската опозиција, нарекувајќи ги наводите „класична лажна вест“.

    Димитријевиќ ги нарече обвинувањата на партијата на власт како „нова лага“ и посочи на, според него, нелогичноста на тврдењата.

    „Ниту сум се видел, ниту ги познавам споменатите Ружиќ и Башановиќ. Особено е интересно што ВМРО тврди дека постои ‘договор за опозициско делување со СПС’ – партијата која е најблизок партнер на Вучиќ и СНС и која со нив ја сочинува владејачката коалиција“, истакна Димитријевиќ.

    Според генералниот секретар на СДСМ, ваквите наводи се показател дека политичките опоненти немаат што да кажат, па затоа „измислуваат приказни кои не држат вода ни пет минути“. Димитријевиќ додаде дека граѓаните ги препознаваат овие обиди за дефокус и порача дека таквите методи веќе не даваат резултат.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.