Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Пожарот кај Липково сè уште е активен, од „Македонски шуми“ се сомневаат дека е подметнат поради одмазда за запленети нелегални дрва

    (ВИДЕО) Пожарот кај Липково сè уште е активен, од „Македонски шуми“ се сомневаат дека е подметнат поради одмазда за запленети нелегални дрва

    20.04.2026 во 10:431 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Екипите на „Македонски шуми“ и ТППЕ Куманово се сè уште на терен и вложуваат максимални напори за целосно гаснење на пожарот кој вчера околу пладне избувна во близина на акумулацијата Глажња во општина Липково.

    Кире Михаилов, заменик директор на претпријатието, упати сериозни обвинувања дека пожарот е намерно подметнат. Според него, доказите на терен се јасни.

    „Пожарот има зафатено две страни од широк прооден пат, што значи дека намерно е подметнат на двете страни, инаку нема никаква можност огнот да биде префрлен од едната на другата страна по природен пат“, изјави Михаилов.

    Тој се сомнева дека овој инцидент е директна одмазда поради неодамнешната акција на претпријатието за одземање на нелегално исечени дрва во овој регион. Екипите интензивно работат во текот на денешниот ден за да го стават пожарот под целосна контрола и да спречат негово ширење кон повисоките места, каде што теренот е непристапен.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.