Close Menu
Press24
    Најново

    „Не се занимавам со естрадни политики“: Мицкоски ги отфрли обвинувањата на СДСМ за ангажирање странска разузнавачка служба

    19.04.2026 во 12:26

    Преполовен интерес: Само 210 македонски државјани се пријавиле за гласање на изборите во Бугарија

    19.04.2026 во 12:22

    Дипломатска офанзива на Муцунски во Анталија: Фокус на евроинтеграциите и регионалната соработка

    19.04.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Не се занимавам со естрадни политики“: Мицкоски ги отфрли обвинувањата на СДСМ за ангажирање странска разузнавачка служба
    • Преполовен интерес: Само 210 македонски државјани се пријавиле за гласање на изборите во Бугарија
    • Дипломатска офанзива на Муцунски во Анталија: Фокус на евроинтеграциите и регионалната соработка
    • Шокантен случај ја потресе Македонија: Брат си ја силувал малолетната сестра, таткото ја тепал
    • Грција ги ослободува британските патници од новите биометриски контроли на ЕУ
    • Денес е денот за големи промени – проверете што вели хороскопот
    • Итно повлекување на храна за бебиња „HiPP“
    • Поранешниот судија Наќе Георгиев излегува од затвор предвреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Не се занимавам со естрадни политики“: Мицкоски ги отфрли обвинувањата на СДСМ за ангажирање странска разузнавачка служба

    „Не се занимавам со естрадни политики“: Мицкоски ги отфрли обвинувањата на СДСМ за ангажирање странска разузнавачка служба

    19.04.2026 во 12:261 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата на опозициската СДСМ дека Владата ангажирала странска приватна разузнавачка компанија со цел следење на опозициското раководство и фабрикување афери. Во својата изјава, премиерот ги оцени овие обвинувања како неосновани и порача дека фокусот на неговата работа останува на економските прашања.

    „Што се однесува до некакви компании за да го следат раководството на СДСМ, мислам дека таков тип на однесување од наша страна не постои. Тоа не е дел од мојот карактер, ниту имам намера да се занимавам со такви естрадни политики. Јас сум фокусиран на развојот на државата и подобри услови за живот на граѓаните“, изјави Мицкоски.

    Претходно, од СДСМ излегоа со сериозни обвинувања, тврдејќи дека власта ја ангажирала израелската приватна разузнавачка компанија „Блек кјуб“. Според опозициската партија, компанијата била користена за следење на опозицијата и прибирање информации за нејзина дискредитација. СДСМ тврди дека претставници на оваа компанија веќе оствариле состаноци во Скопје со лица блиски до власта и со бизнисмен кој наводно го финансирал ангажманот, оценувајќи го овој потег како показател за „автократски модел“ на владеење.

    Од Владата, пак, повторуваат дека ваквите наводи се невистинити и порачуваат дека приоритет на извршната власт останува справувањето со актуелните предизвици со кои се соочуваат граѓаните.

    Популарно

    „Не се занимавам со естрадни политики“: Мицкоски ги отфрли обвинувањата на СДСМ за ангажирање странска разузнавачка служба

    19.04.2026 во 12:26

    Преполовен интерес: Само 210 македонски државјани се пријавиле за гласање на изборите во Бугарија

    19.04.2026 во 12:22

    Дипломатска офанзива на Муцунски во Анталија: Фокус на евроинтеграциите и регионалната соработка

    19.04.2026 во 12:20

    Шокантен случај ја потресе Македонија: Брат си ја силувал малолетната сестра, таткото ја тепал

    19.04.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.