Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Правдата излезе на виделина – Заев не успеа да го замолчи Петрушевски преку судските институции

    ВМРО-ДПМНЕ: Правдата излезе на виделина – Заев не успеа да го замолчи Петрушевски преку судските институции

    18.04.2026 во 11:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Правдата знае да доцни, но секогаш го наоѓа патот да излезе на виделина. Помина времето на импровизации и злоупотреби на правниот поредок во државата, за свои цели на одредени поединци или локални моќници. Сега, секој поединец е еднаков пред правосудните органи, нема привилегирани и заштитени, законот важи еднакво за сите, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Тоа можеме да го констатираме и од последната одлука Основниот суд во Струмица, кој се прогласи за месно ненадлежен по тужбата поднесена од поранешниот премиер и претседател на СДС, Зоран Заев против пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во обид да го замолчи да ја зборува вистината.

    Многу веројатно, Струмица и струмичките институции, Заев да ги сметал за свој пашалак каде што секој прави како што тој ќе каже, па на ваков начин ќе влијае врз пресудата, па затоа одлучил тужбата да ја поднесе до овој суд.

    Или пак, поранешниот премиер, кој своевремено бил на чело на владиното телото за реформи во правосудството, заедно со својот адвокат – роднина, навистина не разбираат ништо од правото.

    Тоа што е важно, е што блефови и неиздржани аргументи не поминуваат. Ослободени од стегите правосудните органи одлучуваат согласно законите, а не според нарачките на и желбите на поединци.

    Владеење на правото и правна држава во Македонија ќе има. Секој кој се огрешил и работел спротивно на закон, ќе одговара“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.