Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: Алармантен пад на странските инвестиции од 61% во 2025 – Власта ја носи економијата на дното

    ДУИ: Алармантен пад на странските инвестиции од 61% во 2025 – Власта ја носи економијата на дното

    18.04.2026 во 10:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Податоците објавени во регионалните анализи за странските директни инвестиции на Балканот покажуваат сериозен аларм за Република Северна Македонија: пад од 61отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година, со вкупна вредност од само 468 милиони евра. Ова е еден од најслабите резултати во регионот и тежок сигнал за економијата на државата, се вели во соопштението од ДУИ.

    „Странскиот инвеститор бара правна сигурност, функционални институции, политичка стабилност, професионална администрација и јасна евроатлантска перспектива.

    Кога државата создава неизвесност, политички тензии и недостаток на стратешка насока, капиталот избира други дестинации.

    Додека земјите од регионот се натпреваруваат за нови инвестиции, Северна Македонија губи чекор со алармантно темпо.

    Падот од 61% значи помалку работни места, помало производство, помали можности за повисоки плати и помалку шанси за младите.

    Актуелната влада го доби мандатот со ветувања за економски развој и рекордни инвестиции. Денес билансот е целосно спротивен.

    Внатрешната политичка изолација, влошувањето на меѓуетничките односи, затегнатите односи со меѓународните партнери и застојот на европскиот пат создаваат директни економски последици.

    За оваа состојба мора да има јасна политичка одговорност. Влада која за кратко време ја носи државата на дното во регионот по странски инвестиции, нема кредибилитет да бара трпение од граѓаните.

    Оставката на оваа влада е првиот неопходен чекор за враќање на довербата, стабилноста и развојната перспектива на државата“, велат од ДУИ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.