Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче од Барселона: Владата го блокира европскиот пат со изговори

    Филипче од Барселона: Владата го блокира европскиот пат со изговори

    17.04.2026 во 17:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска учествуваше на дискусија на високо ниво во организација на PES (Партијата на европски социјалисти), на панелот „Обликување на Европа заедно: Прогресивни гласови од Западен Балкан“, кој се одржа во Барселона.

    Во своето обраќање, Филипче нагласи дека Европа се соочува со сериозен бран на авторитаризам, на кој прогресивните сили и социјалдемократијата се последна линија на одбрана.

    „Tокму социјалдемократијата е суштинската спротивност на авторитарните режими и прогесривните сили се последната линија на одбрана. Историјата нè учи дека помирувањето со авторитаризмот не го слабее, туку го зајакнува. Тоа им дава простор на екстремните сили да се претстават како умерени и прифатливи“, нагласи Филипче.

    Посебен акцент во своето излагање Филипче стави на процесот на проширување на Европската Унија, истакнувајќи дека тој мора да продолжи и дека билатералните прашање не смеат да бидат изговор.

    „Проширувањето на ЕУ мора да продолжи. Прогресивците не смеат да дозволат билатерални прашања, кои немаат врска со Копенхашките критериуми, да се користат како изговор за вета и блокади. Секое ново вето или блокада не само што го оштетува процесот на проширување, туку ја поткопува довербата на граѓаните во европските вредности“, истакна Филипче, додавајќи дека критериумите мора да се почитуваат, но не смеат да бидат злоупотребени.

    Во освртот на состојбите во Македонија, Филипче посочи дека државата се соочува со застој во европската интеграција поради политиките на актуелната власт.

    „Имаме десничарска влада која не го продолжува европскиот пат и користи изговори за да ги блокира неопходните уставни измени“, истакна Филипче.

    Тој предупреди и на засиленото влијание на авторитарни центри во регионот, посочувајќи на поврзаноста со политиките на Виктор Орбан и Александар Вучиќ, како и на ширењето на антиевропска реторика, дезинформации и координирани медиумски кампањи.

    Филипче потенцираше дека заедничката акција и соработката меѓу прогресивните сили се клучни за справување со предизвиците.

    „Само заедно сме посилни. Ваквите средби се важни за размена на искуства и градење заеднички одговор на предизвиците со кои се соочуваме“, заклучи претседателот на СДСМ, Венко Филипче во своето обраќање.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.