Поранешниот државен правобранител и адвокат Фехми Стафа се спогоди со Обвинителството и прифати затворска казна од една година и три месеци. Стафа призна вина за примање поткуп од 50.000 евра, пари наменети за влијание врз судска одлука во случајот „Синџир“.
Според обвинението, тој ги зел парите за да изврши влијание врз судија од скопска Апелација во корист на неговиот клиент Љупчо Пецов – „Ѓаволот“.
„Со прифаќањето на спогодбата, Стафа ја признал вината и се откажал од право на жалба, што значи дека судската постапка ќе биде скратена и без изведување докази“, се наведува во информациите за случајот.
Истрагата за овој предмет се прошири и кон судијата од Апелациониот суд, Ѓоко Ристов. При претрес во неговиот дом во Неготино беа пронајдени неверојатни 350.000 евра сокриени во ѕид, за кои се сомнева дека се стекнати преку незаконски активности.
Неофицијално, Стафа одлучил да соработува со истражните органи, што може да доведе до откривање на нови коруптивни случаи во правосудниот систем.

