Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонскиот државен врв во Анталија: Муцунски и Сиљановска-Давкова дел од петтиот Дипломатски форум

    Македонскиот државен врв во Анталија: Муцунски и Сиљановска-Давкова дел од петтиот Дипломатски форум

    17.04.2026 во 09:491 Min Read
    ФОТО: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денеска е во Анталија каде ќе учествува на петтиот Дипломатски форум (ADF2026). Настанот, под мотото „Мапирање на утрешнината: управување со неизвесностите“, се одржува под покровителство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

    Министерот Муцунски утре ќе биде еден од говорниците на панелот посветен на Балканот, каде ќе се дебатира за дијалогот и бизнис поврзаноста меѓу земјите од регионот.

    „Министерот Муцунски утре ќе се обрати на панелот ‘Жнеење мир на Балканот: дијалог, бизнис и поврзаност’, на кој е предвидено учество на министри од земјите од Западен Балкан, како и од Хрватска и Турција“, информираат од МНР.

    Покрај Муцунски, на форумот учествува и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Таа денеска ќе се обрати на централниот „Лидерски панел“ заедно со високи претставници од Казахстан, Пакистан, Катар и Грузија. Претседателката веќе оствари средба со Ердоган во Истанбул, на која беше потврдено цврстото пријателство меѓу двете земји.

    Дипломатскиот форум во Анталија годинава бележи рекордно учество на претставници од 155 земји, меѓу кои 21 шеф на држава и 61 министер.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.