Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова на лидерски панел во Анталија: Светски лидери ќе дебатираат за иднината и глобалните неизвесности

    Сиљановска-Давкова на лидерски панел во Анталија: Светски лидери ќе дебатираат за иднината и глобалните неизвесности

    17.04.2026 во 09:141 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе учествува на „Лидерскиот панел“ во рамки на Дипломатскиот форум во Анталија. Овогодинешниот форум, кој се одржува под мотото „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“, собира политички лидери од целиот свет.

    Како што информираат од нејзиниот кабинет, модератор на овој значаен панел ќе биде Мевлут Чавушоглу, поранешен шеф на турската дипломатија.

    Покрај македонската претседателка, на панелот ќе говорат и високи претставници од неколку држави: претседателот на Казахстан, Касим – Жомарт Токаев, премиерот на Пакистан, Мухамад Шехбаз Шариф, премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, како и грузискиот премиер Иракли Кобахиѕе.

    Оваа активност на претседателката следува по вчерашната билатерална средба во Истанбул со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. На средбата беше истакнато дека односите меѓу двете земји се темелат на силно пријателство и меѓусебна доверба.

    „Констатирано е дека македонско-турските односи се одликуваат со силно пријателство, доверба и континуирана меѓусебна поддршка“, се наведува во соопштението од кабинетот.

    Дипломатскиот форум во Анталија оваа година бележи рекорден интерес со учесници од 155 земји, вклучително и 21 шеф на држава и десетици министри.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.