Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се менуваат програмите за специјализација – крај за неподготвените кадри и метежот на Клиника

    Се менуваат програмите за специјализација – крај за неподготвените кадри и метежот на Клиника

    16.04.2026 во 17:082 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со проф. д-р Светозар Антовиќ, декан на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Невзат Елези, декан на Медицинскиот факултет во Тетово, проф. д-р Катерина Златановска, декан на Медицинскиот факултет во Штип и претседателката на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, ги презентираа новините во здравствениот систем преку унапредување на програмите за специјализации и супспецијализации.

    „Новите програми се развиени врз основа на сеопфатни анализи на состојбите во системот, кои укажаа на тесна профилираност на кадарот, недоволна практична подготвеност – особено во ургентната и интензивната медицина – како и зголемен притисок врз терциерното здравство. Реформата има за цел и усогласување со современите европски образовни стандарди. Фокусот е ставен на интерната медицина и општата хирургија како клучни области за функционирањето на здравствениот систем. Со реформата се очекува подобрување на достапноста и квалитетот на здравствените услуги, намалување на упатите кон терцијарното ниво, зголемување на безбедноста на пациентите и поефикасно користење на човечките ресурси“, посочи министерот Алиу.

    Тој појасни дека во интерната медицина се воведува засилена практична обука, со акцент на ургентна медицина и интензивна нега, како и задолжителна обука за POCUS (point-of-care ултразвук), како стандардна вештина.

    Дополнително, се дефинираат минимални практични интервенции и се зголемува автономијата на специјалистите, со цел создавање кадар способен самостојно да управува со комплексни и итни состојби на секундарно ниво.

    Во општата хирургија се воведува петгодишен, европски усогласен курикулум со широка хируршка основа и мултисистемски пристап. Се унапредува и системот на тријажа и се создава основа за натамошна супспецијализација, со цел обезбедување флексибилен и функционален хируршки кадар.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.