Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски од Битола: Првите километри од автопатот до Прилеп ќе се возат следната пролет

    16.04.2026 во 16:27

    Средба на министерот Минчев со амбасадорката на Грција Филипиду: Фокус на јакнење на капацитетите за стручно усовршување

    16.04.2026 во 16:19

    Македонски камионџија заврши во затвор – пијан направил сообраќајка патот Солун – Калохори

    16.04.2026 во 16:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски од Битола: Првите километри од автопатот до Прилеп ќе се возат следната пролет
    • Средба на министерот Минчев со амбасадорката на Грција Филипиду: Фокус на јакнење на капацитетите за стручно усовршување
    • Македонски камионџија заврши во затвор – пијан направил сообраќајка патот Солун – Калохори
    • Пијани, со забрани и без дозволи – полицијата приведе 12 лица
    • Вкупниот промет во индустријата зголемен за 1,6 процент во февруари на годишно ниво
    • Ова е најреткиот знак од Зодијакот кој носи посебен дар од Бог кој не го добива секој
    • Со возило удрил во бетонска бандера: Повредени 4 лица
    • Алиу: Засилени антикорупциски мерки и поголема транспарентност во јавните набавки во здравството
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски од Битола: Првите километри од автопатот до Прилеп ќе се возат следната пролет

    Николоски од Битола: Првите километри од автопатот до Прилеп ќе се возат следната пролет

    16.04.2026 во 16:274 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика и очекувам веќе од следната пролет да ги возиме првите километри, а целиот автопат да се заврши и пред рокот.  Преговараме за нова траса од Фариш до Прилеп како автопатско решение, работиме на проектирање на обиколница Прилеп, на топловодот за Битола, гасификацијата и други инфраструктурни проекти кои ќе дадат силен економски инпут за развој на Пелагонискиот регион, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски пред Регионалните бизнис комори на Битола и Прилеп.  

    “Знаете дека како Влада презедовме итни мерки. Македонија во моментов има најевтино гориво во целиот регион и нема никаков застој во снабдувањето, што не е случај со останатите држави. Скопскиот и охридскиот аеродром редовно функционираат за разлика од други аеродроми. И приштинскиот аеродром исто така се снабдува преку домашни снабдувачи, што значи дека успеавме кризата да ја амротизираме онолку колку што беше можно. 

    Во делот на автопатите, сега доаѓам од увид во изградба на  автопатот Прилеп – Битола и градежните активности одат одлично. Она што го добив како ветување од Изведувачот е дека следната пролет ќе можеме да возиме по првите километри автопат на потегот од Прилеп до Битола, а целиот автопат да се заврши пред рокот со што ќе имаме комплетно автопатско решение од Прилеп до Битола.

    На тоа се надоградуваат и разговорите кои што интензивно ги водиме и очекувам во текот на месеците јуни или јули да излеземе со конечното решение за продолжување онаму каде што застанавме, а тоа е после тунелите кај Фариш. Веќе го пуштивме експресниот пат кој што оди од Градско до Дреново и од Дреново до Фариш. Сега треба да го завршиме и делот што оди делот од Фариш до Прилеп, односно до го ограничиме Плетвар  и на тој начин да имаме до Битола целосно автопатско решение” – изјави вицепремиерот Николоски.

    Тој најави и воведување на градски воз меѓу Прилеп и Битола со цел да се олесни комуникацијата меѓу општнинте како резултат на отежнатиот сообраќај на регионалниот пат.  

    “  За таа цел работиме заедно со двете железнички претпријатија, Македонски Железници Инфраструктура и Македонски Железници Транспорт. Некаде во месец јуни да пуштиме нов градски воз кој што би оперирал на линија Прилеп-Битола-Жабени и на тој начин да можат оние кои што имаат дневна потреба помеѓу овие два града а и оние кои што работат во индустриската зона Жабени да го користат возот што би значело навреме да се стига, брзо да се стига и да одиме со една промотивна цена, тоа е 150 денари за повратна карта, што е убедливо најевтиното што може да се најде на пазарот” –  истакна Николоски.

    Вицепремиерот најави и нови инфраструктурни проекти за економски развој на Пелагонија.

    “ Сакам да кажам уште три проекти во најава. Еден е обиколница на градот Прилеп. Веќе работиме со градоначалникот, тој веќе го работи проектирањето, мое и на Владата да ја изградиме обиколница со цел товарните возила да ги извадиме надвор од градот. Втората работа што сакам да ја најавам е топловодот, односно парното за градот Битола. И третата работа е гасифификација. Така што имаме  огромни проекти за целиот овој регион, кои што се надопштински проекти. Знаете дека помагаме на општините секоја година со сериозна сума на средства, беа определени 250 милиони евра за општините и тоа се дополнителни проекти од овие кои што веќе ги спомнав” – изјави вицепремиерот Николоски.

    На средба со бизнис коморите од Прилеп и Битола, покрај вицеперемиерот Николоски, присуствуваат и заменик министерот за економија Марјан Ристески, Николче Јанкуловски, заменик министер за финансии  и градоначаланиците на Битола, Прилеп, Могила Новаци и Крушево.     

    Популарно

    Николоски од Битола: Првите километри од автопатот до Прилеп ќе се возат следната пролет

    16.04.2026 во 16:27

    Средба на министерот Минчев со амбасадорката на Грција Филипиду: Фокус на јакнење на капацитетите за стручно усовршување

    16.04.2026 во 16:19

    Македонски камионџија заврши во затвор – пијан направил сообраќајка патот Солун – Калохори

    16.04.2026 во 16:14

    Пијани, со забрани и без дозволи – полицијата приведе 12 лица

    16.04.2026 во 16:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.