Close Menu
Press24
    Најново

    Вкупниот промет во индустријата зголемен за 1,6 процент во февруари на годишно ниво

    16.04.2026 во 15:48

    Ова е најреткиот знак од Зодијакот кој носи посебен дар од Бог кој не го добива секој

    16.04.2026 во 15:20

    Со возило удрил во бетонска бандера: Повредени 4 лица

    16.04.2026 во 15:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вкупниот промет во индустријата зголемен за 1,6 процент во февруари на годишно ниво
    • Ова е најреткиот знак од Зодијакот кој носи посебен дар од Бог кој не го добива секој
    • Со возило удрил во бетонска бандера: Повредени 4 лица
    • Алиу: Засилени антикорупциски мерки и поголема транспарентност во јавните набавки во здравството
    • 21-годишник објавил слики и видеа од возилата АРМ, кривична за нарушување воена безбедност и тајност
    • Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
    • Започнуваат конзерваторско-реставраторските зафати во црквата „Св. Константин и Елена“ во Мокрино
    • Син ја претепал својата мајка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вкупниот промет во индустријата зголемен за 1,6 процент во февруари на годишно ниво

    Вкупниот промет во индустријата зголемен за 1,6 процент во февруари на годишно ниво

    16.04.2026 во 15:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Прометот во индустријата вкупно е зголемен за 1,6 процент во февруари годинава во однос на февруари минатата година – објави денеска Државниот завод за статистика.

    Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во февруари 2026 година во однос на февруари 2025 година имаат одделите: Производство на прехранбени производи со 3,1 проценти, Производство на електрична опрема со 4,2 проценти и Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 17,7 проценти.

    Прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2026 година во однос на февруари 2025 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен Енергија, за 2,9 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,4 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,2 проценти, а опаѓање бележи кај Капитални производи за 2 проценти.

    Вкупниот промет во индустријата во февруари во однос на јануари годинава бележи пораст од 19.5 проценти, а опаѓање од 3,7 проценти во периодот јануари – февруари годинава во однос на истиот период од минатата година.

    На домашниот пазар во февруари годинава во однос на февруари минатата година прометот во индустријата е со пораст од 0,8 проценти, а во периодот јануари – февруари годинава во однос на периодот јануари – февруари минатата година со опаѓање од 2,4 проценти.

    На странските пазари, пак, во февруари годинава во однос на февруари минатата година прометот во индустријата бележи пораст од 2,2 проценти, а во периодот јануари – февруари годинава во однос на периодот јануари – февруари минатата година бележи опаѓање од 4,1 проценти.

    Популарно

    Вкупниот промет во индустријата зголемен за 1,6 процент во февруари на годишно ниво

    16.04.2026 во 15:48

    Ова е најреткиот знак од Зодијакот кој носи посебен дар од Бог кој не го добива секој

    16.04.2026 во 15:20

    Со возило удрил во бетонска бандера: Повредени 4 лица

    16.04.2026 во 15:01

    Алиу: Засилени антикорупциски мерки и поголема транспарентност во јавните набавки во здравството

    16.04.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.