Close Menu
Press24
    Најново

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Започнуваат конзерваторско-реставраторските зафати во црквата „Св. Константин и Елена“ во Мокрино

    Започнуваат конзерваторско-реставраторските зафати во црквата „Св. Константин и Елена“ во Мокрино

    16.04.2026 во 14:081 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    – Со над 2 милионa денари, обезбедени преку унгарската кредитна линија, следната недела започнуваат конзерваторско-реставраторските зафати на ѕидното сликарство во црквата „Св. Константин и Елена“ во село Мокрино, Општина Ново Село – најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната посета на сакралниот објект, заедно со директорот на Заводот и музеј – Струмица, Бранко Ѓоргиев, и градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорги Божинов.

    Љутков истакна дека со овој проект се прави конкретен исчекор во заштитата на културното наследство, нагласувајќи дека: „денес, наместо празни ветувања, постојат конкретни проекти, јасен план и обезбедени средства“.

    Црквата „Св. Константин и Елена“, изградена во 1870 година, претставува едно од најзначајните културни и духовни обележја во Струмичкиот Регион.

    Носител на активностите е Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица, во соработка со стручни лица од Националниот конзерваторски центар од Скопје.

    Овој проект претставува значаен чекор во зачувувањето и афирмацијата на културното наследство на Општина Ново Село. Министерството и во иднина ќе продолжи со континуирани вложувања во заштитата и зачувувањето на нашето вредно културно наследство за идните генерации.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.