Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Расадник добива модерна и современо опремена градинка

    Расадник добива модерна и современо опремена градинка

    16.04.2026 во 13:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Кисела Вода продолжува со континуираните вложувања во унапредување на условите за предучилишно воспитание. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, извршија увид во завршните градежни работи на доградбата на објектот при градинката „8 Март“ во Расадник.

    Новиот простор од 800 квадратни метри е изграден по највисоки стандарди и опфаќа шест нови и пространи занимални, во кои се вклучени и две јаслени групи, со што се обезбедува капацитет за нови 120 дечиња од општината.

    Инвестицијата во висина од 60.000.000 денари, обезбедена во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади и со поддршка од Владата на Република Македонија, се придвижува со засилено темпо. Во моментов се уредува фасадата, по што следи поставување на подните подлоги, со цел дечињата час поскоро да влезат во нови современи простории за игра и учење.

    -Она што го ветивме, веќе станува реалност на терен. Упатувам голема благодарност до Министерството за социјална политика, демографија и млади, до заменик-министерот Велковски и до Владата на Република Македонија за партнерството и континуираната поддршка во реализацијата на овој проект. Посветени сме на секое маало и на секое дете, бидејќи вложувањето во најмладите е нашата најважна задача. Создаваме услови Кисела Вода да биде пример за модерна општина која инвестира во својата иднина- изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

    Прочитај повеќе

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22

    Градоначалничката се сретна со станарите: Ги унапредуваме колективните живеалишта

    22.10.2026 во 19:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.