Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Mицкоски и се заканува на опозицијата со прогон

    16.04.2026 во 10:05

    Собранието ќе одлучува за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата

    16.04.2026 во 09:47

    АХВ направи парче за празниците: Направени се над 1.200 вонредни контроли

    16.04.2026 во 09:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Mицкоски и се заканува на опозицијата со прогон
    • Собранието ќе одлучува за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата
    • АХВ направи парче за празниците: Направени се над 1.200 вонредни контроли
    • Вадете ги чадорите: Ќе врне дожд
    • 6км за добро утро: Муцунски со белгискиот колега на утринско трчање
    • Експертите предупредуваат: Четботовите често даваат неточни медицински информации
    • Русија ќе исплати отштета на Азербејџан за соборениот патнички авион во Казахстан
    • Муцунски: Анита Орбан потврди дека во надворешната политика на Унгарија ќе остане цврсто втемелен приоритетот за ЗБ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Mицкоски и се заканува на опозицијата со прогон

    СДСМ: Mицкоски и се заканува на опозицијата со прогон

    16.04.2026 во 10:053 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Христијан Мицкоски повторно, јавно и пред камерите, „имал чувство“ дека во блиска иднина ќе започнат судски процеси против поранешни високи функционери на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада и членови на нивните семејства, велат од СДСМ.

    Ова не е прв пат, истото Мицкоски го правеше и во Собранието.

    Ваквите изјави не се случајни. Тие се свесна и опасна закана против политичките неистомисленици.

    Наместо да се занимава со обезбедување услови за владеење на правото, Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата со прогон и да ја плаши јавноста.

    Причината е јасна: Мицкоски се наоѓа во незгодна ситуација поради сѐ посилните меѓународни истраги за неговите врски со криминалниот режим на Орбан, за бизнисите што ги чинеле граѓаните на Македонија милиони евра и за можното перење пари преку финансиски институции и медиуми.

    Затоа се обидува да го префрли фокусот на СДСМ и однапред да го дискредитира секој иден процес против себе и својата банда.

    Ова не е борба против корупцијата. Ова е класично подготвување терен за политички прогон и обид јавноста да се навикне на идејата дека „некој ќе биде гонет“, не според докази, туку според „чувството“ на премиерот.

    Во нормална европска држава, премиерот не најавува судски процеси, не се претставува како обвинител и судија не испраќа нарачки до институциите преку телевизија.

    Таквото однесување директно го крши основниот принцип на владеење на правото од член 2 од Договорот за Европската Унија – независност на судството, поделба на власта и забрана за политичко влијание врз правосудството.

    Тоа е спротивно на сите Копенхашки критериуми што Северна Македонија треба да ги исполни за членство во ЕУ.

    СДСМ за овие сериозни закани од страна на претседателот на Владата веднаш ќе ги извести:

    * Европскиот известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, пратеникот Томас Вајц;

    * Делегацијата на Европската Унија во Скопје;

    * Европската комисија (DG NEAR / DG ENEST);

    * Венецијанската комисија на Советот на Европа, која ја следи реформата на судството во нашата земја.

    Ќе бараме итна реакција од европските институции и јасна порака дека таквото однесување на премиерот не е прифатливо во земја што претендира да стане членка на Европската Унија.

    Сите мора да бидат еднакви пред законот – и поранешни и сегашни функционери.

    Но, никому, па ниту на премиерот, не му е дозволено да ги злоупотребува државните институции како оружје против политичките противници, ниту да ги претвора во штит за сопствените криминални врски.

    Дојде времето Мицкоски да престане да се игра со „чувства“. Не може повеќе да биде шеф на криминална и политичка банда која се плаши од вистината и правдата, а сака да избегне одговорност.

    Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста, велат од СДСМ.

    Популарно

    СДСМ: Mицкоски и се заканува на опозицијата со прогон

    16.04.2026 во 10:05

    Собранието ќе одлучува за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата

    16.04.2026 во 09:47

    АХВ направи парче за празниците: Направени се над 1.200 вонредни контроли

    16.04.2026 во 09:34

    Вадете ги чадорите: Ќе врне дожд

    16.04.2026 во 09:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.