Close Menu
Press24
    Најново

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46

    Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото

    09.06.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Собранието ќе одлучува за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата

    Собранието ќе одлучува за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата

    16.04.2026 во 09:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието денеска треба да ја одржи 99. седница на која на дневен ред е Предлог-одлуката  за одобрување на продолжување на рокот за постоење  кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на државава до 20 јули годинава.

    Предлог-одуката е на дневен ред и на седница на собраниската Комисија за одбрана и бебзедност.

    Одлуката, според предлогот, ќе почне да се применува на 21 април.

    По конфликтот на Блискиот Исток, Владата на седница на 23. минатиот месец донесе одлука за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти за горивата и ослободување количини мазут од државните резерви, како и одлука во времетраење од 30 дена за прогласување кризна состојба на целата територија на државата со цел да се овозможи соодветно законско постапување и институциите да можат ефикасно да ги спроведуваат мерките. Со одлуката се утврди постоење кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати на населението, како последица од постоење на ризици и опасности во снабдувањето со стратегиските енергенси, како и попречување и блокирање на нивниот увоз во државава.  Тогаш беше  активиран и Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој е во постојано заседавање заради следење на мерките и активностите и координирано дејствување поврзани со оваа одлука.

    Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека состојбата со нафтените деривати е стабилна и непроменета.

    – Нафтените резерви се такви какви што беа пред почетокот на кризата, не е потрошен ниеден литар – изјави Мицкоски. Следејќи ги цените на берзите на нафтените деривати, рече дека најверојатно цените на горивата во земјата ќе останат исти или ќе бидат намалени.

    Во однос на продуктоводот за транспорт на нафтени деривати, рече дека и во него има проток на нафта. За тоа дали по 20 април Владата ќе ја продолжи мерката за намалено ДДВ за нафтените деривати, Мицкоски рече дека од она што го следи, најмалку ќе останат истите цени на горивата, а можно е дополнително намалување следната недела. Попустот со „Окта“, како што рече, е договорен до крајот на април, а се преговара и за дизел-горивото.

    -Тоа е приближно 75 проценти од вкупното потрошувачко портфолио, барем уште некој дополнителен попуст да извадиме, барем уште еден денар за литар, најави Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Беким Сали: Бизнисот останува главен двигател на економскиот развој на државата

    09.06.2026 во 13:30

    Премиерот: Многу блиску сме до одлука сами да го градиме Чебрен и Галиште

    09.06.2026 во 11:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.