Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”

    28.05.2026 во 13:19

    УХМР со најнови детали: Врнежи и грмежи во Кумановско и Скопско, невреме во Валандово

    28.05.2026 во 13:11

    Првпат на листатата: Министерството за здравство воведува лекови за одвикнување од пушење

    28.05.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”
    • УХМР со најнови детали: Врнежи и грмежи во Кумановско и Скопско, невреме во Валандово
    • Првпат на листатата: Министерството за здравство воведува лекови за одвикнување од пушење
    • Невреме го зафати и Куманово и Струмица
    • Манасиевски: Филипче е подготвен за уставни измени и редефинирање на историјата, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи погазување на достоинството
    • Предупредување за пчеларите: Од први јуни започнува авионската дезинсекција против комарци во Скопје
    • Невреме го зафати Штип: Силни грмежи, пороен дожд и ветер
    • (ФОТО) „Крај за бркањето глодари и неисправни бојлери“: Јаневска најави модерни услови во реновираните студентски домови од новата академска година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: Исполнување на копенхашките критериуми, но клучна е и подготвеноста од ЕУ за реформи за прием на нови членки

    Муцунски: Исполнување на копенхашките критериуми, но клучна е и подготвеноста од ЕУ за реформи за прием на нови членки

    15.04.2026 во 18:215 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Особено ја цениме јасната позиција дека евроинтеграцискиот процес мора да се темели на исполнување на копенхашките критериуми од страна на земјите кандидати, но клучна е и подготвеноста на самата Европска унија да спроведе неопходно внатрешни раформи за прием на нови членки – рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната заедничка прес-конференција со белгискиот министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка, Максим Прево.

    Посетата на белгискиот колега Прево, Муцунски нагласи дека ја искористил, да ја поздрави континуираната и принципиелна поддршка од Белгија на патот кон полноправниочленство во Европската Унија.

    -Разговаравме и за потребата од мудри, но и храбри геостратешки одлуки во време кога европската безбедносна архитектура се соочува со сериозни искушенија – порача Муцунски, нагласувајќи дека го информирал Прево за напредокот постигнат во евроинтегративниот процес, како и за „цврстата, јасна и безусловна посветеност на нашата Влада кон реформската агенда“.

    Министерот Муцунски, на заедничката прес-конференција со белгискиот колега Прево, рече дека неговата посета е значајна за нас и регионот особено во контекст на сериозните геополитички предизвици што директно влијаат врз мирот, стабилноста и иднината на Европа.

    -Во изминатите три децении изградивме силно пријателство, интензивен политички дијалог и стабилно партнерство. Јасно ја изразив нашата определбата со Кралството Белгија и натаму да го развиваме пријателството и продлабочуваме врз основа на меѓусебна почит, доверба и заедничка одговорност за стабилноста и просперитетот на регионот и пошироко. Посебен акцент ставивме на унапредувањето на економската соработка – порача Муцунски.

    Шефот на македонската дипломатија изрази убедување дека со заедничка политичка волја и со силна поддршка на бизнис заедницата, можеме да отвориме нов простор за поинтензивна економска размена и повеќе директни инвестиции. На почетокот, Муцунски, исто така, ја поздрави и солидарноста по трагедијата во Кочани, каде Белгија учествуваше со транспрот и лекување на неколку наши пациенти.

    Белгискиот министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка, Максим Прево, пак, порача дека Северна Македонија може да смета на Белгија како цврст и сигурен сојузник на нашиот пат за пристап кон Европската Унија.

    -Белгија продолжува цврсто без никаква двосмисленост да го поддржува европскот пат на Северна Македонија. Цврсто сум убеден дека билатералните прашања, кои што сите ги знаеме, и коишто вашата земја ги знае, не треба во ниту еден момент да го спречат процесот на пристапување. Јас и понатаму ќе продолжам да се залагам за преведен и кредибилен процес на проширување, којшто ќе го награди напредокот, но и посветеноста, а вие веќе имате голем напредок и посветеност во овој домен – порача Прево.

    Паралелно, според Прево, напредокот, исто така, бара и почитување на заедничките преземени обврски, особено поврзани со реформите, со владеење на правото, но и уставните измени кои беа договорени во 2022 година.

    -Јас разбирам дека треба паралелно да се делува, за да може Европската Унија да Ве увери дека уште еднаш овие измени, откако ќе се усвојат, ќе се изгради конечно цврстиот и сигурен пат кон Европската Унија – изјави Прево.

    Важен аспект на мојата посета, посочи Прево, е и тоа што институционалната стабилност што ја постигнавте во изминатите години е за поздравување и претставува „цврста основа за повторно фокусирање на реформските напори“, нагласувајќи дека „Белгија го охрабрува конструктивност политички дијалог, продолжувањето на борбата против корупцијата, силниот и независен судски систем и целосната заштита на основните права “, истовремено охрабрувајќи ја Владата да продолжи на патот на реформите, бидејќи, како што рече, „тоа е добиена инвестиција во иднината“.

    Во однос на Бугарија и барањата од наша страна за гаранции на европскиот пат, Прево рече дека за Белгија постои јасна определба дека треба да биде дадено уверување на Македонија дека нема да се јави повторна блокада или пречка откако ќе бидат направени потребните промени.

    – Верувам дека сите земји во ЕУ треба да најдат начин да се изрази волјата оти овие уверувања ќе бидат дадени- порача Прево.

    Прево, на почетокот изрази задоволство што има можност со денешната средба подобро да се запознае со, како што рече, „вашите реалности и вашата стварност, а не толку често да ја запознавам предку посредувањата во Брисел“.

    – Се надевам дека нема да биде последна средба и посета, со оглед дека ми се блиски балканските земји. Денеска сум тука за да ги подвлечам одличните односи меѓу нашите две земји. Кажавте дека живееме во мултиполарни тензии и имањето доверливи и стабилни партнери е особено важно. Тоа во самата ЕУ Ви дава, исто така, можност дека и Вие можете да сметате на искреноста и солидарноста на една од најстарите земји и една од основачите на ЕУ, тоа е Кралсотвото Белгиија. Во Белгија, исто така, постои знајачна македонска дијаспора од околу 15 илјади лица, кои што активно учествуваат во животот на нашата земја и мислам дека тоа дополнително го зајакнува нашето партнерство и соработка – нагласи Прево.

    Прево, исто така, ја поздрави и македонската евроатланска посветеност и континуираната усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ, и како што рече, „Вие, драг Тимчо сте стратешки сигурен партнер“.

    Прочитај повеќе

    Матурант почина пред почетокот на завршниот испит – трагедија ја потресе Чешка

    26.05.2026 во 11:06

    Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

    22.05.2026 во 19:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.