Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски е домаќин на градоначалниците од Кемниц, Гориција и Нова Горица

    Ѓорѓиевски е домаќин на градоначалниците од Кемниц, Гориција и Нова Горица

    15.04.2026 во 14:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес е домаќин на неговите колеги од Германија (Кемниц), Италија (Гориција) и Словенија (Нова Горица) – град Скопје со силна меѓународна поддршка!

    Имав чест да ги пречекам моите колеги од Кемниц, Гориција и Нова Горица, градови со богато искуство, визија и докажана културна сила, напиша Ѓорѓиевски.

    Заедно со градоначалниците Само Турел, Радолфо Зиберна, Џозефин Хаге, како и со Бен Нупнау – вршител на должноста амбасадор при Делегацијата на ЕУ, разговаравме за искуствата и предизвиците што ги носи титулата Европска престолнина на културата, титула што Скопје гордо ќе ја носи во 2028 година, истакна Ѓорѓиевски.

    „Во рамки на посетата, прошетавме низ срцето на градот, низ неговите симболи и приказни, а потоа ја продолживме соработката на официјална средба во Europe House Skopje, место каде идеите се претвораат во визија, а визијата во конкретна иднина.

    Оваа средба е вистински простор каде културата дише, се движи и создава.

    Токму во тоа е суштината на Европската престолнина на културата, да го истакнеме богатството на различностите, но уште повеќе – да изградиме мостови на заедништво, разбирање и заеднички европски идентитет“, посочи градоначалникот.

    Ѓорѓиевски нагласи дека за Скопје, патот до 2028 е процес на отворање, на учење, на поврзување.

    „Процес во кој културата станува двигател на промени што гради похуман, поотворен и посилен град.

    Затоа, денешната размена со нашите пријатели од Нова Горица, Гориција и Кемниц има посебна тежина.

    Тие градови покажаа дека културата е жива енергија што создава нови односи, отвора дијалог и гради чувство на припадност.

    Нивните искуства ни помагаат да ја обликуваме сопствената приказна што Скопје ќе ја раскаже пред Европа.

    Ова партнерство не завршува со денешните разговори.

    Напротив, продолжува и добива своја видлива форма преку изложбата што вечерва се отвора во Музеј на Град Скопје, достапна за сите посетители од 15 до 26 април, како сведоштво за заедничката визија и културната поврзаност.

    Скопје 2028 е обврска да го зајакнеме европскиот дух на градот, да создадеме нови партнерства и да ги вклучиме граѓаните, младите, уметниците и институциите во една заедничка приказна на трансформација.

    Со искрена благодарност до сите партнери, до Делегацијата на Европската Унија и до нашите пријатели од Европа, продолжуваме заедно.

    Посилни, поврзани и со јасна визија за иднината“, вели Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22

    Градоначалничката се сретна со станарите: Ги унапредуваме колективните живеалишта

    22.10.2026 во 19:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.