Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВЛЕН: Старата чаршија, срцето на Чаир, се преродува по половина век

    ВЛЕН: Старата чаршија, срцето на Чаир, се преродува по половина век

    15.04.2026 во 09:271 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По повеќе од 50 години, се започнува историски проект кој ја враќа Старата чаршија во нејзиниот автентичен идентитет и ја воздигнува на ново ниво на развој. Ова е најголемата инвестиција од ваков вид, длабока инфраструктурна интервенција на 1.567 м², со модерни стандарди и долгорочна визија, велат од ВЛЕН.

    „Се решаваат подземните проблеми со нов водовод и канализација, се гради модерна електрична и оптичка мрежа, а уличките добиваат нов здив со травертински камен и традиционално осветлување. Оваа инвестиција, вредна околу 29 милиони денари, вклучува и реконструкција на околните улици, третирајќи ја чаршијата како функционална целина. Некогаш, звукот на чеканот беше ритамот на животот во оваа чаршија. Денес, тој звук се заменува со друго ехо, ехото на развојот, инвестициите и враќањето на гордоста на Чаир.

    Овој проект го презентираше градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, во присуство на првиот заменик-премиер, Беким Сали, докажувајќи дека ВЛЕН е сила на акција и визија за граѓаните. Чаир се развива. Чаршијата се преродува. Ова е голем чекор кон пожива, поекономична и поавтентична иднина, ехо кое ќе остане генерација по генерација“, стои во соопштението од ВЛЕН.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.