Close Menu
Press24
    Најново

    Судскиот Совет одлучи: Кривичниот суд доби нов претседател

    08.07.2026 во 10:33

    Сообраќајка во Скопје: Едно лице тешко повредено

    08.07.2026 во 10:27

    Лазе Еленовски: Ако цената за ЕУ е „висока“, тогаш чесно е на народот да му се каже не чекајте ЕУ следните години

    08.07.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Судскиот Совет одлучи: Кривичниот суд доби нов претседател
    • Сообраќајка во Скопје: Едно лице тешко повредено
    • Лазе Еленовски: Ако цената за ЕУ е „висока“, тогаш чесно е на народот да му се каже не чекајте ЕУ следните години
    • Николоски: Товарните возови надвор од Скопје – Почист воздух и побрз карго сообраќај
    • Во три смени се чисти и мие – Скопје исчистено од над 82 илјади тони комунален отпад
    • Утринска драма во Штип: Багер удрил во куќа додека семејството спиело
    • Нападната малолетничка од „СОС Детско Село“
    • СДСМ: Мицкоски ја укина техничката влада на сила а сега сака модел за кражба на гласови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Последни подготовки за вежбата „Блесок 26“ – ќе успеат ли припадниците на Армијата да го положат овој важен тест?

    Последни подготовки за вежбата „Блесок 26“ – ќе успеат ли припадниците на Армијата да го положат овој важен тест?

    14.04.2026 во 20:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лесната пешадиска баталјонска група на чекор до целосна интеграција во структурите на НАТО. 

    Доколку месецов вежбата Блесок 26, добие зелено светло од оценувачите на Алијансата, единицата ќе биде на целосно располагање на командантот на НАТО, подготвена да одговори на предизвиците кои ги носат гео-политичките тензии, од Блискиот Исток до руско-украинскиот конфликт. 

    Според надлежните засега најава за ангажирање на единицата нема, но сепак нашите сили веќе активно придонесуваат во мисиите за одвраќање и колективна одбрана. 

    „Се на располагање. Дали има најави за нивно користење, во моментов не. Меѓутоа ние и сега учествуваме со свои сили, кога станува збор за одвраќање, односно одбрана на границите со мисиите и во Романија и во Латвија, и во Косово, изјави Сашко Лафчиски, началник на Генералштабот на Армијата на денешниот брифинг со новинарите. 

    „Блесок 26“ ќе се одржува од 19-ти до 27-ми април. Вежбата ќе биде тест за борбената готовност на баталјонската група. Станува збор за тактичка теренска вежба со воени гаѓања, во која учество ќе земат 1.500 припадници на Армијата. Ќе бидат користени оклопни возила, транспорниот хеликоптер, минофлачи, беспилотни летала, оклопните возила за пронаоѓање и уништување експлозинвни направи Хаски 1 и 2. Страјкерите нема да бидат вклучени поради административни причини. 

    Единиците ќе треба да покажат колку се подготвени да се снајдат во над 20 фиктивни сценарија со креирани настани и инциденти, вклучително и спротиставени сили. Вежбата ќе се реализира под постојан надзор и управување, по што ќе следува оценување од страна на 40 сертифицирани експерти. Најголем дел од активностите ќе се одвиваат на Криволак. 

    Прочитај повеќе

    Судскиот Совет одлучи: Кривичниот суд доби нов претседател

    08.07.2026 во 10:33

    Сообраќајка во Скопје: Едно лице тешко повредено

    08.07.2026 во 10:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.