Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски: СДСМ ликува за изборите во Унгарија, а не гледа дека со Филипче и Заев тонат во жива кал

    Петрушевски: СДСМ ликува за изборите во Унгарија, а не гледа дека со Филипче и Заев тонат во жива кал

    14.04.2026 во 13:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон раководството на СДСМ и лидерот Венко Филипче, обвинувајќи ги дека се занимаваат со изборните резултати во Унгарија наместо да се фокусираат на сопствените внатрепартиски проблеми.

    Според Петрушевски, некогаш релевантната партија СДСМ сега е доведена до ситуација да „тоне во жива кал“ под водство на Филипче и влијанието на поранешниот лидер Зоран Заев.

    „СДС којашто треба да биде главна опозиција и коректив на власта, се занимава со сè, само со себе не. Се занимаваат со избори во други држави, а не си ги гледаат своите редови кои им се рушат сè повеќе како кула од карти“, изјави Петрушевски.

    Тој посочи на парадоксот во реакциите на опозицијата по унгарските избори, истакнувајќи дека партијата „Тиса“ на Петер Маѓар, чија победа ја слават, е всушност членка на Европската народна партија (ЕПП), каде што членува и ВМРО-ДПМНЕ.

    „Од друга страна пак, сестринската партија на СДС и член на Партијата на европски социјалисти од Унгарија освои 1,18% од гласовите. Тоа е нешто слично со рејтингот кој СДС го има во Македонија, и е многу близок до рејтингот на Филипче“, додаде пратеникот, предупредувајќи дека доколку продолжат по стапките на Заев, на СДСМ му се заканува бришење од политичката сцена.

    На крајот од своето обраќање, Петрушевски во име на ВМРО-ДПМНЕ му ја честиташе победата на Петер Маѓар, изразувајќи очекување за продолжување на билатералната соработка и заедничка работа на интеграцијата на Македонија во ЕУ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.