Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Софија
    • Филипче: Земјоделците се оставени сами – откупните цени се понижувачки
    • Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа
    • „Џемини“ на Гугл хакирал три компании за време на тест за кибер безбедност
    • Илхан Ќучук: Потребна е јасна политичка посветеност на ЕУ кон Балканот
    • Загина пензионер – паднал од мопед
    • СДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери
    • Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски до СДСМ: Живеете во „земјата на лагите“ – транспарентно добиваме трет мобилен оператор, а не банкрот и мигранти

    Мицкоски до СДСМ: Живеете во „земјата на лагите“ – транспарентно добиваме трет мобилен оператор, а не банкрот и мигранти

    14.04.2026 во 12:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска категорично ги отфрли обвинувањата од опозициската СДСМ во врска со наводните сомнителни унгарски инвестиции во телекомуникациите, енергетиката и медиумите. Тој ја обвини опозицијата дека креира лажна реалност, споредувајќи ги нивните тврдења со приказната „Алиса во земјата на чудата“.

    „СДСМ изминатиов период живее во земјата на лагите и конструкциите. Лани велеа дека државата ќе банкротира, а ние завршивме со еден од најдобрите пет економски резултати во Европа според растот на БДП. Лажеа дека во април ќе дојдат мигранти – еве сме на средина на април, јас мигрант не видов. Велеа дека сме пред банкрот, а пензионерите и вработените во администрацијата добија повисоки примања“, истакна Мицкоски.

    Одговарајќи на конкретните прозивки за влезот на унгарски капитал во телекомуникациите, премиерот појасни дека станува збор за целосно транспарентна постапка водена од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Тој потврди дека компанијата „4иГ“ веќе уплатила 9 милиони евра за лиценцата за трет мобилен оператор.

    „Компанијата ’4иГ‘, која патем е партнер со германската ’Раинметал‘ и со ’Спејс Икс‘ (SpaceX) на Илон Маск, се стекна со правото да биде трет мобилен оператор. Вистинското прашање е зошто во времето на СДСМ и ДУИ немаше трет оператор и зошто македонските граѓани плаќаа најскапи мобилни услуги?“, запраша премиерот.

    Во однос на најавите за ревизија на други унгарски инвестиции во енергетиката и медиумите, Мицкоски рече дека не е запознаен со такви вложувања, но додаде дека секој странски капитал е добредојден доколку ги почитува Уставот и законите на државата.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Земјоделците се оставени сами – откупните цени се понижувачки

    19.09.2026 во 12:06

    СДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери

    19.09.2026 во 10:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.